Концерт „Руски романси“ вечер на „Скопско лето“


Концерт „Руски романси“ вечер на „Скопско лето“ - МИА

Скопје, 14 јули 2020 () – „Руски романси“ е насловен концертот кој во рамки на „Скопско лето“ ќе се одржи вечер од 20.30 часот на терасата на Музејот на македонската борба. Ќе настапат млади музичари и изведувачи кои учествуvале на меѓународниот натпревар „Романсиjада“ во Софија и Москва.

Дирекцијата за култура и уметност-Скопје (ДКУС), организатор на летниот фестивал во главниот град, соопшти дека главна цел на концертoт е на публиката да ѝ бидат претставени и доближени не толку познати, но сепак одлични автори од жанрот на руската романса, како и светски познатите дела на руски композитори.

– Целта е изведбата на делата да биде колку што е можно поблиска и поавтентично да се пренесе „рускиот стил“ од страна на нашите пејачи. Концертот  ќе има и музиколошки дел – едукација на публиката за биографии на композитори и поети, истории на создавање на романсите, епоха, стилски особини и слично. Руските романси се од композитори – класици: Чајковски, Рахмањинов, Черепнин, Слонов…, како и салонските романси од 19-тиот и од почетокот на 20 век: Зубов, Булахов, Шереметјев, непознати автори, но и композитори од 20 век:  Бабаџањан, Шварц, Шабордина…, наведува ДКУС во најавата на концертот.

На концертот ќе настапат Мариана Бошковска, Сара Јанева, Елена Васова, Исмет Вејсели, Хелена Суша, Македонка Петреска, Билјана Камчева и Илија Белистојаноски.

Согласно протоколите за заштита од пандемијата и заради регулирање и контрола на бројот на публика  влезниците, кои се по цена од 100 денари, ќе се продаваат онлајн преку: kupikartizase.com или во салонот на „Југотон“ во Градскиот трговски центар.

ДКУС потсетува на задолжителното почитување на мерките за заштита од КОВИД-19: заштитни маски, физичка дистанца во гледалиштето, дезинфекција и мерење телесна температура на посетителите кои на концертот ќе влегуваат половина час пред неговиот почеток, односно во 20 часот.  


Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, вкупно се лекуваат 486

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Вести

Околу 300 војници и 150 полицајци ќе ги обезбедуваат здравствените објекти

– Околу 300 припадници на Армијата за време на прогласената кризна состојба ќе бидат ангажирани во поддршка на полицијата за обезбедување на објектите согласно потребите на Министерството за здравство. Припадниците на Армијата нема да бидат […]

Вести

Активни 20711 случаи на Ковид-19, во болниците има уште слободни кревети

– Вкупно 20711 активни случаи на Ковид-19 се регистрирани во земјава, од кои речиси половината 9985 се во Скопје, а во болниците се лекуваат 1290 пациенти. И покрај растот на бројот на инфицираните, сепак, болниците […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*