Концерт на Пламенка Трајковска – гудачко трио во Гостивар

plamenka_#453454534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – По повод 120 години од Илинденското востание и 79 години од АСНОМ вечер во Националната установа „Центар за култура АСНОМ“ во Гостивар концерт ќе одржи Пламенка Трајковска – гудачко трио.

На настапот ќе изведат пригодна музичка програма во кросовер стил на која ќе бидат застапени композиции од класичниот репертоар и композиции инспирирани од богатата ризница на македонскиот фолклор. На концертот премиерно ќе биде изведена композицијата „Ај да бегаме мори Васе“ во кросовер стил за гудачко трио од Пламенка Трајковска. Концертот е ексклузивна музичка атракција и вклучува музичка технологија и мултимедијални елементи.


Гудачкото трио  кое е составено од Пламенка Трајковска на виолина, Милена Гиевска Андоновска на виолина и Александра Јаневска на виолончело е дел од музичката организација Пламенка Трајковска – мали камерни состави кое претставува музичко јадро кое има за цел да ја промовира камерната и класичната музика кај нас.

Пламенка Трајковска – мали камерни состави, имаат реализирано концерти во Македонија и странство на најзначајните културни манифестации Скопско лето, Бит фест, Штипско културно лето, Петровденски ракувања, Топол културен бран, Караманови средби, Кавадаречка културна есен, Велешко културно лето, Кривопаланечко културно лето и многу други настапи на концертни сцени во Македонија и концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција, Танзанија и Турција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK