Концерт на Маргица Антевска во кумановскиот Центар за култура

По повод 50-годишната музичка кариера, кумановската пејачка Маргица Антевска ќе одржи концерт вечерва пред кумановци во големата сала на Центарот за култура. Концертот е дел од програмата за одбележување 500 години постоење на градот Куманово, и е поддржан од локалната власт и Министерството за култура.

– Чест ми е и задоволство да го споделам со вас јубилејниот концерт по повод 50-годишнината од мојата музичка кариера и пет века од постоењето на градот. Ги поканувам моите сограѓани да дојдат во што поголем број и заедно да го прославиме овој убав настан, изјави Антевска.

Влезот за концертот е слободен, а граѓаните можат да подигнат карта на благајната на Центарот за култура.

На концертот ќе настапат и други естрадни уметници, Ефто Пупиноски, Перо Христов, Сефедин Бајрамов, Дона Михаилова од Русија, Нино Величковски, Ристо Краповски и Никола Давидовски.

Вести

За Макрон прерано е за преговори, Меркел се надева на компромис

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека Северна Македонија и Албанија треба уште малку да се стрпат пред да добијат одобрение за почеток на преговори со ЕУ. На заедничката прес – конференција со германската канцеларка Ангела […]

Вести

Сириската војска влезе во Рака и поставува набљудувачки места

Група сириски војници влезе во градот Рака и започна со поставување набљудувачки места, објавија локалните медиуми. Веста дојде само неколку дена откако курдските сили, кои го зазедоа градот од Исламската држава, склучија договор со сириската […]

Вести

Судењето за насилствата пред Општина Центар продолжува на 18 ноември

Судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година продолжува на 18 ноември откако денеска постапката почна одново поради истек на 90 дена од одржување на последното рочиште. За следното рочиште повикан е како […]