Комисијата за доделување на награди и признанија на Стрип центар на Македонија донесе одлука да го додели Признанието „ Љупчо Филипов “ за развој и афирмација на македонскиот стрип, да му се додели на Коле Манев ,познат македонски сликар.
Тој е роден е роден на 5 април 1941година во селото Бапчор, во егејскиот дел на Македонија.
Како дете – протерано заминал во непознат правец заедно со дваесеттина илјади Македончиња протерани од Егејска Македонија. Училиште за применета уметност завршува во Скопје. Во 1960 завршува прв степен на ликовната академија во Белград, а потоа заминува на студентски престој во Париз, па Прага каде посетува предавања за анимиран филм. Своите дела ги изложува во Македонија, Франција, како и земјите од Балканот.
Добитник е на голем број меѓународни награди и признанија за филм и сликарство.
Според кажувањето на Томе Трајков-програм координатор на СЦМ –Велес , Коле Манев влегува во историјата на списанието „ Наш свет“ како прв македонски стрип цртач кој објавува на неговите страници . Добро е познато значењето на списанието „ Наш свет “ во развојот на македонскиот стрип .
Почнувајќи од 1960 година, па се до 1963 г Коле Манев, во соработка со разни сценаристи црта стрипови за македонски историски настани Цар Самуил, Крале Марко, Карпош, Сирма војвода, па преродбениците Кирил Пејчиновиќ, Крсте Петков Мисирков и други се до народните херои од НОБ , Стив Наумов, Орце Николов, Ибе Паликуќа, Вера Јоциќ и Коле Манев започнува да ги работи многу млад, со едвај 19 години.
Инаку, доделувањето на ова признание е составен дел од активностите во склоп на традиционалниот меѓународен стрип салон-најреномирана стрио манифестација кај , чие отварање оваа година ќе се одржи на 23.08. во Велес.
Македонскиот стрип центар како организатор на целокупната манифестација, ова признание го наменува за заслужни домашни дејци за развојот и афирмацијата на 9-та уметност кај нас. Досегашни добитници на ова признание се: Миле Топуз, Диме Иванов-Димано, Александар Сотировски, Ване Трајков, поранешната групација „Тајфа Арт“-млади автори и подоцнежни основачи на нови стрип асоцијации, Томислав Османли, Дарко Марковиќ, Киро Донев, редакцијата „Детска радост“, Оливер Ромевски, Стрип книжарницата „Бункер“,„Остен“- Галерија и списание, Томе Трајков-стрип работник, Александар Стеванов-хроничар и сценарист и Игор Стевковски-Стевац-стрип цртач.