Книга и изложба за сценографот Живојин Трајановиќ



– Националната опера и балет во соработка со Дирекцијата за култура и уметност-Скопје денеска  ќе ја промовира  книгата „Сценографското дело на Живојин Трајановиќ“ од проф. д-р Владимир Величковски, а во фоајето ќе отвори и изложба од уметничкото творештво на академскиот сликар-сценограф Трајановиќ.

Изложбата ќе опфати идејни решенија за голем број претстави, презентирани во вид на скици. Концепциски е поделена на оперски, балетски и драмски дел, бидејќи речиси целиот работен век Трајановиќ го поминал како сценограф на Операта во Националната опера и балет.

Настанот ќе има и музичка програма со настап на оперските солисти Славица Петровска-Галиќ, Марјан Николовски и Васко Здравков,  во придружба на пијанистката Елена Силјановска и балетската солистка Ивана Коцевска.


Започна пленарната седница за избор на претседател на Собранието - МИА
Вести

На седница пратениците ќе расправаат по одлуките за постоење вонредна состојба донесени од претседателот на државата

– Предлог на одлуките за утврдување на постоење на вонредна состојба донесени од претседателот на Република Северна Македонија, објавени во Службени весник на РС Македонија се на дневниот ред на денешната собраниска седница. Пратениците ќе дискутираат […]

Вести

Над сто заболени од Ковид-19 во претходното деноноќие, Шахпаска со порака дека се уште има места во градинките

– Нови 112 случаи на заразени од Ковид 19 од 1372 тестирања и 159 оздравени, е билансот од претходното деноноќие, според статистиката на Министерството за здравство. Во моментот 47 деца од предучилишна возраст, односно три […]

Вести

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Владата на денешната 7-ма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици […]