Казахстанската изложба „Великата степа: историја и култура“ од утре во Археолошкиот музеј


Во Археолошкиот музеј утревечер во 19 часот ќе биде отворена изложба за културното наследство на Казахстан – „Великата степа: историја и култура“ од Националниот музеј на таа азиска земја. Во фокусот на изложбата е Златниот човек од 5 век п.н.е. познат како „казахстански Тутанкамон“ кого научниците го идентификувале како 18-годишен воин од скитското племе Сака.

Откриен бил од археолозите во 1969 година во гробница на локалитетот Исик, 50 километри источно од градот Алмати. Покрај златниот воин, изложбата ќе претстави речиси 200 други вредни археолошки наоди,меѓу кои и сребрената чаша од Исик со сè уште недешифриран натпис, значајна зашто сведочи дека писменост во Великата степа во централна Азија постоела и пред три илјади години.

Пред утрешното отворање на изложбата, која ќе може да се посети до средината на август, директорот на Археолошкиот музеј Горан Санев денеска на прес-конференција искажа задоволство што токму тие се први на Балканот што еден месец ќе ја угостат оваа ексклузивна изложба, која досега била поставена во осум градови (Минск, Москва, Баку, Сиан, Гдањск, Сеул, Казан и Ташкент). Според него, тој факт кажува дека е препознаен високиот професионализам, сериозност и искуство на Археолошкиот музеј.

Балкан

Бугарскиот претседател Радев стави вето за купување американски борбени авиони

Бугарскиот претседател Румен Радев стави вето на спорното купување американски борбени авиони Ф-16. Како причина Радев ја наведе високата цена, недоволната опрема и зголемувањето на буџетскиот дефицит што таа нарачка го повлекува со себе. – […]

Вести

Новиот премиер на Велика Британија – за приврзаниците популарен, за критичарите – неискрен

Борис Џонсон е контроверзна фигура во британската политика и новинарство. За приврзаниците тој е духовит, популарен и привлечен, додека за оние кои го критикуваат велат дека е елитист, неискрен, мрзлив и употребува расистички и хомофобичен […]

Балкан

Србија: Напукна асфалтот на новиот автопат Е-10 низ Грделичка клисура

Иако од отворањето на јужната траса на Коридорот 10 за Северна Македонија не поминаа ни три месеци, на делницата помеѓу Царичина долина и тунелот Манајле, напукна асфалтот. Кон крајот на мај со музика и огномет, […]