Караванот „Остави трага“ вечер во Дојран, ќе се дебатира на тема „Еднаква, своја, успешна“

traga_78877878
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Во Дојран  вечер со трета сесија продолжува караванот „Остави трага“, кој има за цел да ги мотивира младите, но и да пренесе пораки на еднаквост и толеранција низ целата земја.

Настанот ќе се одржи вечер (19:30 часот) во паркот кај Општина Дојран, „Кај јаворите“, а на панел дискусијата насловена како „Еднаква, своја, успешна“ ќе учествуваат Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Фатмир Битиќи, заменик претседател на Владата, Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, Сања Лукаревска, директорка на УЈП, Нева Грашиќ, советничка во Владата на Словенија, Василка Салевска Трајковска, менаџерка во компанија „Филип Морис“, Бленди Ходаи, претседател на ФОП, Назли Чан, асистентка на ИБУ Универзитет и Марија Андреева, проектнa раководителка во рамки на канцеларијата на Советот на Европа (CoE) во Скопје.


Како што најавуваат организаторите, целта на настанот е да се поттикнат младите да го зголемат нивното општествено учество, активацијата и подигање на свеста за еднаквоста во општеството.

Настанот ќе го модерира Огнен Јанески, а официјално ќе го отвори групата „Шербет“. За време на настанот ќе биде изведена мини пиесата „Среќа“ на Интимен театар Битола, дел од студентите на Меѓународниот Балкански Универзитет-Факултетот за уметност и дизајн ќе подготват уметнички дела на платно, додека младата уметничка Мартина Наумовска ќе гравира на стакло и стаклени чаши.

Серијата јавни настани која е насловена „Дојди и раскажи ја својата приказна- Остави трага“ ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK