„Карантински приказни“ – акција на ТРИ за пишување раскази во време на изолација


– Издавачкиот центар ТРИ ја почна акцијата „Пишувачки предизвик: Карантински приказни – Антологија на изолацијата“.

-Нејзина цел е да се поттикнат и соберат најоригиналните и најинтересните раскази настанати во ова тешко време што сме принудени да го поминеме во изолација и дружење најмногу со себе и сопствените мисли. Со цел да се создаде траен запис за еден од најдраматичните периоди од нашиот живот, „Карантински приказни – Антологија на изолацијата“ има задача да биде хроничар на новото време што го сведочиме и сведоштво за реалноста со која сите сме соочени, соопшти ТРИ.

Издавачката куќа ги охрабрува сите пишувачи – искусни и помалку искусни, да учествуваат во овој интересен предизвик и да праќаат раскази на темата. Нема ограничување во однос на стилот и обемот.

-Сите творби ќе бидат внимателно прочитани од редакцијата на ТРИ и ќе бидат објавени во една книга, а за авторите на најдобрите раскази постои можност за подолгорочна соработка со ТРИ. Книгата нема да биде продажна и ќе биде достапна во електронска верзија за сите читатели. Рокот за праќање на творбите е до крајот на април, на redakcija@kniga.mk, соопшти ТРИ.


Собранието се конституира во вторник, по Илинден и разговорите за влада - МИА
Вести

Конститутивна седница на Собранието утре, партиски разговори за формирање влада

Скопје, 3 август 2020 () – Конститутивната седница на новиот парламентарен состав ќе се одржи утре напладне под посебни протоколи поради коронавирусот во салата под Големата купола наместо во салата „Македонија“. Седницата ќе се одвива […]

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири - МИА
Вести

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири

Скопје, 3 август 2020 () – Одбележувањето на големиот државен празник 2 Август – Денот на Републиката, Илинден годинава помина во услови на здравствени протоколи поради заштита од ширење на пандемијата од Ковид-19 и без […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на новозаболени од Ковид-19 и натаму трицифрен, во Скопје 1.372 активни случаи

Скопје, 3 август 2020 () – Нови 166 случаи со Ковид-19 од 1.419 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починаа четири пациенти од Скопје, Кичево, Штип и […]