Изложба на Сликарски конак Грација 2022/23 во Куманово

Изложба-на-Сликарски-конак-Грација-202223-во-Куманово.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

В среда со почеток во 19.00 часот, во Изложбениот салон при НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, ќе биде отворена изложбата на слики од Меѓународниот Сликарски конак „Грација – ИАН 2022 / 2023“. На изложбата ќе бидат презентирани дваесеттина слики од учесниците на овој проект, работени во последните две години.


Меѓународниот Сликарски конак „ГРАЦИЈА – ИАН“ е нов чинител во културниот и ликовниот живот во Куманово. Домаќин и организатор на Сликарскиот конак е Влајко Стојчевски и Ресторан „ГРАЦИЈА“ од Куманово а координатор и уметнички раководител е реномираниот сликар од Куманово – Мики Трендафиловски.

На изложбата ќе бидат преставени дела работени во изминативе две години 2022 и 2023, од 17 реномирани ликовни уметници – сликари од 7 држави и тоа: Проф. Катарина Ѓорѓевиќ и Мр.Владан Ранѓеловиќ од ФЛУ во Ниш, Паша Гициќ асистент на Универзитетот во Нови Пазар и Никола Стојановиќ самостален уметник од Врање, сите од Република Србија, Доцент Мајпејкер Јонсул од Универзитетот во Текирдаг – Република Турција, Габриеле Шафарцик од Република Германија, самостален уметник, студирала на Универзитетот во Готингент и на Академија во Краков, Проф. Др. Марин Маки Милутиновиќ од ФЛУ во Бања Лука – БиХ /Р Србска/, Надежда Златкова, самостоен уметник од Велико Трново – Република Бугарија, Проф. Др. Етхем Бајмак од Призрен – Р Косово кој живее и работи и во Истамбул – Република Турција, Проф. Данчо Ордев, , Драги Хаџи Николов, Др. Стојче и Еми Тоциновски, Горан Боев, Лара Ташковска, Мики Трендафиловски, Александар Стефановски и Анастасија Недељковска (млад талент) од Република Северна Македонија.

Љубителите на ликовната уметност ќе можат изложбата да ја погледаат во наредните осум дена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK