Изложба на минатогодишните добитници на наградата „Борко Лазески“


Во Музејот на Град Скопје вечер од 20 часот ќе бидат отворени изложбите „Сон за Јапонија“ на Ана Миланова и „Хоризонт“ на  Игор Таневски. Повод е наградата „Борко Лазески“ која овие млади ликовни уметници ја добија во 2018 година.

Музејот на Град Скопје секоја година организира самостојна изложба на студент од Факултетот за ликовни уметности од Скопје кој во претходната учебна година ја освоил наградата „Борко Лазески“ за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел. Минатата година неа ја добија двајца студенти –  Игор Таневски и Ана Миланова.

Наградата и организирањето на изложбите е во договор со семејството на Борко Лазески, кое на Музејот на Град Скопје му ги подари картоните  што уметникот ги употребил во 1958 година за реализација на големата „Фреска за НОБ“ во аулата на Старата железничка станица во Скопје.

Вести

Почна средбата меѓу Заев и Мицкоски на која ќе се решава судбината на СЈО

Во Собранието почна средбата меѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која ќе се обидат да најдат решение за Законот за јавно обвинителство, а со тоа […]

Вести

ОЈО испрати допис до СЈО за преземање на предметите

Основното јавно обвинителство испрати допис до Специјалното јавно обвинителство во врска со преземањето на предметите, потврдија попладнево од ОЈО. Дописот за преземање на предметите следува по неодамнешното известување што од притвор го испрати специјалната јавна […]

Вести

Разрешен Јово Вангеловски, за в.д. претседател на Врховиот суд избран Фаик Арслани

Судскиот совет на денешната седница го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател на Врховниот суд. Одлуката за разрешување од позицијата во највисокиот суд и судија во Врховниот суд е поради нестручно и несовесно постапување. За […]