Изложба на Марјан Ѕингаров во КИЦ на РСМ во Софија


Скопје, 10 септември 2020 () – „Изгубени простори“ е насловот на новата самостојната изложба на ликовниот уметник Марјан Ѕингаров штоќе биде отворена денеска во Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Софија.

 

 

На изложбата ќе бидат поставени околу 20 сликарски дела со кои авторот го покажува најкарактеристичното од своето творештво во последните неколку години.

Изложбата ќе се одвива со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19, соопштија од КИЦ на РСМ во Софија.