Изложба на илустрации од Кристина Карапеоска


Изложба на илустрации од Кристина Карапеоска - МИА

Скопје, 25 јули 2020 () – Изложбата „Coolest dead people“ на Кристина Карапеоска вечер ќе биде отворена во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ).



-„Coolest dead people“ претставува визуализација на збир на помалку познати, но сепак интересни факти за најкул ликови во историјата на човештвото (до сега). Од Леонардо да Винчи, Никола Тесла, Фројд, па сѐ до Боб Рос, овој збир на факти на кул мртви ликови изобилува со хумористичен приказ на најинтересните карактеристики на самиот лик, соопшти МКЦ.

Кристина Карапеоска, која твори под псевдонимот Кик Флип, е дипломиран дизајнер, кој активно се занимава со илустрација повеќе од пет години. Родена е во Тетово во 1991 година, дипломира во 2010 како дизајнер на Европскиот Универзитет во Скопје. Се инспирира од секојдневието, музиката и филмовите.