ИВАП: Комисијата за заразни болести одобри одржување концерти, наскоро и протокол


ИВАП: Комисијата за заразни болести одобри одржување концерти, наскоро и протокол - МИА

Скопје, 29 јуни 2020 () – Асоцијацијата на Ивент индустрија ИВАП ја известува јавноста дека  Комисијата за заразни болести одобри одржување на јавни настани, собирања, музички концерти, а наскоро ќе биде објавен и протоколот за работа.

– Оваа одлука е резултат на повеќемесечно залагање и преговарање на Асоцијацијата ИВАП а во последните недели и неформалното Здружение на културните промотори и иницијативата „Музика сега“. Должни сме да соопштиме дека ние како Асоцијација, но и другите групи, предложивме протоколи за работа и според информацијата што ја добиваме од Комисијата, составен е еден официјален протокол со кој наскоро ќе биде запознаена и јавноста. Мило ни е дека од страна на Комисијата беше согледана нашата сериозност и одговорниот пристап кон проблемот, што денеска беше истакнато и во изјавата на министерот Венко Филипче, велат од ИВАП.

Од Асоцијацијата упатуваат голема благодарност до министерката за финансии Нина Ангеловска и до заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска и до сите кои биле подготвени да ги слушнат нивните барања и да се вклучат во изнаоѓање на квалитетно решение за нивниот сектор.

– Ние остануваме одговорни компании кои се грижат за јавното здравје и ве уверуваме дека нашите настани можат да бидат безбедни за сите посетители, секако само ако сите сме одговорни и ги почитуваме протоколите. Секако апелираме и на останатите организатори на настани да се придржуваат и да ги почитуваат усвоените протоколи. Наскоро ќе ги објавиме и условите под кои ќе се одвиваат настаните. И како што постојано потенциравме, шоуто мора да продолжи, но секако во нови услови. Апелираме – носете маски, чувајте се и почитувајте ги мерките за заштита, истакнуваат од ИВАП. ир/


ДИК: Гласањето се одвива мирно и без никакви проблеми - МИА
Вести

ДИК: Гласањето се одвива мирно и без никакви проблеми

Скопје, 14 јули 2020 () – Гласањето во 17 домови за стари лица низ државата се одвива одлично и без никакви проблеми, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Дерковски, при посетата на гласачкото […]

ДИК: Почнаа изборите, важечки се ливчињата на коишто е заокружен редниот број на подносителот на листата - МИА
Вести

Втор ден гласање на изборите за пратеници

Скопје, 14 јули 2020 () – Избирачките одбори од утринава го спроведуваат гласањето на болните, немоќните, хронично болните лица, кои се пријавиле за гласање за предвремените парламентарни избори, а своето право на глас го искористуваат […]

ДИК прифати нови барања за набљудување на изборите - МИА
Вести

Гласаат болните, немоќните и затворениците

Скопје, 14 јули 2020 () – Втор ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Гласаат болните, немоќните, хронично болните, затворениците, лицата во домашен притвор, во старските домови и шестмина внатрешно раселени лица. Според последните податоци […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*