Исмаили се обрати на меѓународниот научен семинар „Мултикултурализам и интеркултурен дијалог“


Министерот за култура Хусни Исмаили денеска на Универзитетот „Мајка Тереза“ се обрати на вториот меѓународен научен семинар „Мултикултурализам и интеркултурен дијалог“.

Исмаили, како што соопшти Министерството за култура, во своето излагање се осврна на главната тема на семинарот „Културно наследство и интеркултура како патоказ за интеграции и социјална кохезија“.

– Третирањето на културното наследство и интеркултурата, како водич за интеграции и социјална кохезија, во еден хетероген град и со таква разновидност, како што е Скопје, е најсоодветното место за ваква тема, истакна министерот за култура Исмаили.

Според него, средините каде што има хомогена култура и идентитетска еднослојна традиција се лишени од убавиот вкус што ја создава разновидноста, каде луѓето се запознаваат преку разликите и го вреднуваат или го преиспитуваат нивниот вредносен систем, соочувајќи се со другиот.

Учесниците на семинарот ги поздрави и ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ Азис Положани, а свое излагање имаше и академик Луан Старова. Во рамките на семинарот се дебатираше и за културното наследство и интеркултурата во уметноста и науката, во јазикот и литературата, како и во албанското општество.


Комисијата за заразни болести треба да одлучува за олабавување на мерките и отворање на економијата - МИА
Вести

Нови 125 случаи позитивни на КОВИД 19 во изминатите 24 часа

Скопје, 6 јуни 2020 () – Нови 125 случаи на новозаболени од КОВИД -19 регистрира Министерството за здравство во изминатите 24 часа. Најголем број повторно се во Скопје -46 по што следуваат Куманово со 19, […]

Втор ден карантин за Скопје, Куманово, Штип и Тетово - МИА
Вести

Втор ден карантин за Скопје, Куманово, Штип и Тетово

Скопје, 6 јуни 2020 () – За граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино […]

Во шест градови во земјава нема повеќе активни случаи на Ковид-19 - МИА
Вести

Активни 1.009 случаи на заболени од Ковид-19, 90 отсто од новозаболените се од 15 фамилии

Скопје, 6 јуни 2020 () – Во земјава вчера беа потврдени 180 нови случаи на позитивни од Ковид-19, што е најголем број од почетокот на епидемијата досега, но министерот за здравство Венко Филипче информираше дека […]