Хуманитарен концерт на Филхармонија со пијанистот Дмитри Маслеев




Оркестарот на Филхармонија ќе одржи хуманитарен концерт на 22 октомври (четврток) во 20 часот насловен „PERASPERAADASTRА“. Средствата од овој концерт се наменети за лекување на Игор Пармаковски кој го години се бори со Кронова болест.

Како солист на концертот ќе настапи рускиот пијанист Дмитри Маслеев, еден од најзначајните млади солисти на светската музичка сцена во моментов, а диригент е Габриел Бебешелеа од Романија. Како солист ќе настапи и првиот трубач на оркестарот на Филхармонија -Драган Младеноски.

На програмата се две исклучителни дела од рускиот композитор Дмитри Шостакович – Концертот за пијано труба и гудачки оркестар оп.35 и Камерната симфонија во це-мол, оп.110а.

Билетите се веќе достапни и можат да се резервираат на тел: 02 / 3238 182 и да се купат онлајн на www. filharmonija.mk.