„Глобална комедија“ од Плевнеш во Сатиричен театар во Софија

Во Сатиричен театар во Софија почнаа подготовки за меѓународна  изведба на „Глобална комедија“ – најнова драма на драматургот Јордан Плевнеш.

Драмата ќе ја режира  Патрик Вершурен од Франција, а главните улоги ќе ги толкуваат бугарските актери Александра Срчаџиева и Теодор Елмазов. Сценографијата е на Бојана Семерџиева, звучниот дизајн е на Мартин Каров, а песните за ќе ги компонира Константин Плевнеш.

Премиерата во Софија ќе биде на 2 декември 2019. Со бугарските актери и со француските Франсоа Клавие и Наташа Машкиевич оваа претстава  ќе се игра и во парискиот театар „Белвил“ на почетокот на идната година. 


Вести

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да […]

Вести

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право […]

Вести

Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од […]