Фолклорната група „Никола Ј. Вапцаров” од Делчево почна со упис на фолклористи „ветерани”

vapcarov_456456

– Фолклорната група „Никола Јонков Вапцаров” од Делчево започна со упис на фолклористи „ветерани”, со цел формирање возрасна група играорци. Вечерва се одржа првата проба, а кореографот Кристијан Трајановски ги повика сите повозрасни љубители на фолклорот да се приклучат на оваа иницијатива.

-Фолклорната група при НУ Центар за култура „Н.Ј.Вапцаров” започна со упис на ветеранска група. Ги повикуваме сите ветерани, како и сите заинтересирани кои некогаш биле дел од оваа група, да ни се придружат на пробите кои ќе се одржуваат секоја среда од 18 часот, рече Трајановски.

Еден од првите кои се оѕваа на повикот на Центарот за култура е некогашниот член Наталија Велинова, која апелираше и другите поранешни членови да го следат нејзиниот пример.

-Секоја чест за Кристијан кој е прекрасен играорец. Ги повикувам сите со кои некогаш бевме дел од ова друштво, да дојдат да ја направиме пак истата група и да го поддржиме Центарот за култура во оваа идеја. Јас имав осум години кога првпат се запишав во фолклорната група и членував 12 години и сега пак решив да продолжам со негување на фолклорните игри од Пијанец, рече Велинова.

Од Центарот за култура во Делчево воедно порачаа дека вратите на установата остануваат отворени и за сите млади членови кои имаат желба да се запознаат со пијанечкото фолклорно богатство.

Facebook
Twitter
LinkedIn