Филмот „Хомо“ на Игор Иванов-Изи вечерва ќе се прикажува во Градскиот парк

Homo_Economicus-800x335.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вечерва во 20:30 часот, кај езерцето во првиот дел од Градскиот парк ќе има кино на отворено и музичка програма.


Забавната програма почнува во 20:30 часот со проекцијата на филмот „Хомо“ („Only human“) во режија на Игор Иванов. Потоа следува музичкиот дел со настапите на Мирко Попов од 22 часот и сетот на Виолета Качакова од 23:30 часот.

Ова филмско-музичко дружење за првпат се одржа минатата сабота во организација на Град Скопје, МКЦ и Универзална сала, а по повод Меѓународниот ден на младите и ќе продолжи да се организира секоја сабота до средината на септември. Посетителите ќе имаат одлична можност за дружење на отворено и забава во топлите летни вечери во омилената дестинација за скопјани, Градскиот парк.

Настанот е збогатување на културната понуда на Градот Скопје за своите граѓани и за сите посетители во рамки на кандидатурата за Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK