Пролетно уживање со FilmBox во Мај


„БЕГСТВО“


 

Да се ​​има совршено семејство и висок животен стил не секогаш е вистинскиот рецепт за среќа . Главната хероина на овој филм навидум има сè – прекрасна куќа, 2 деца, совршен сопруг. Но длабоко во себе копнее за нешто повеќе. Нешто недостасува. Хемија, страст, струење во крвта. Отуѓувајќи се од децата и сопругот, секојдневието полека ѝ станува неподносливо. Има ли излез? Да, но цената е огромна…

Она што ќе ви се допадне во овој филм е бруталната конфронтација со стравовите и постапките кои ретко може да се видат на екранот – сопруга која се грижи за своите две деца. Жена која се грижи за својот сопруг. Мора да има повеќе во животот отколку да се биде сопруга и мајка!? „Бегство“ е приказна со морална комплексност која задира во најдлабоките емоционални состојби на една жена. Филм кој ќе ве натера да погледнете пошироко и кој ја доведува во прашање конвенционалната идеја за нормите на општеството.

„Бегство“ можете да го гледате на 15.05 во 21:00 на FilmBox Premium

„ ПРАВИЛАТА НЕ ВАЖАТ “

Без сомнение, Хауард Хјуз се смета за еден од најексцентричните и загадочни фигури на 20 век. Милијардер кој се впушта во филмскиот бизнис, остава свој белег во голем број индустрии. Токму овој филм ја разгледува врската помеѓу една од старлетите на Хјуз и нејзиниот возач во 1950-тите.

Приказната го следи животот на надежната актерка, текстописец и кралица на убавината –  Марла Мебри (Лили Колинс) која има договор со филмскиот магнат Хауард Хјуз (Ворен Бити). Марла заедно со нејзината мајка (Анет Бенинг) од мало гратче пристигнува во Лос Анџелес на аудиција за еден од неговите филмски проекти, на аеродромот, се среќава со возачот Френк Форбс (Алден Еренрајх) кој е амбициозен млад човек со бизнис план и стабилна врска. Инстантната привлечност што Марла и Френк ја чувствуваат еден за друг не само што ги става на тест нивните религиозни убедувања и морални вредности, туку и го пркоси правилото број 1 на Хјуз: На ниту еден вработен не му е дозволено да има каква било врска со актерка со договор.

Покрај Бити, во филмот играат и Алден Еренрајх, Лили Колинс, Метју Бродерик, Анет Бенинг, Хејли Бенет, Кендис Берген, Алек Болдвин, Оливер Плат и Мартин Шин.

Уживајте во филмот на 22.05 во 21:00 на Filmbox Extra

„ СЛАТКА ВИРЏИНИЈА “

Проблемот со малите градови е што сите ги напуштаат. Токму затоа, приказните за малите градови имаат тенденција да се засноваат на романтизирани спомени без разлика дали се добри или лоши. Имајќи го предвид фактот што повеќето луѓе живеат во огромни метрополи, станува неверојатно тешко да се изрече пресуда за овој начин на живот.

Слатка Вирџинија е приказна за доброто и лошото, или со други зборови – добар филм, за лошите луѓе кои живеат во мало гратче во Америка.

Сместен во Алјаска, но исполнет со мек, јужен акцент и карактеристични ликови, приказната ја развива во едно мало, заборавено место, каде луѓето се борат за пари, го кријат  своето минато, носат бејзбол капи, возат пикап, се движат со темпо на полжав и ги решаваат своите работи на насилен начин.

Џон Бернтал е неверојатно добар човек, кој наивно се спријателува со мистериозниот странец во градот – совршено напнатиот и нервозен Кристофер Абот.

„Слатка Вирџинија“ е одлична трилер драма, во која негативецот во овој филм носи извонредна изведба на ликот која е во повеќе наврати наградувана.

Не пропуштајте го на  29.05 во 21:00 на FilmBox Premium

За повеќе новости за FilmBox следете ја Facebook страницата Filmbox Macedonia. FilmBox каналите ви ги овозможува  SPI International, а се достапни на A1 операторот како и на Neotel, Inel Internacional, Viva Net, TRD Kabel, Kanal 16 Ресен, Altra Sat 2000 Охрид, Infel KTV Охрид, Kable Kall Кичево, KDS Kablenet Прилеп и Vinsat Kabel.