Премиера на краткометражниот филм „Досие иднина“ вечер на „Синедејс“

dosie idnina
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дебитантскиот краткометражен филм „Досие иднина“ во режија на Гоце Трајковски вечерва премиерно ќе биде прикажан на 22-то издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.

Главните улоги ги толкуваат: Ана Стојановска, Ебру Мусли и Береда Решит. Сценариото е на Гоце Трајковски и Никола Кузелов, кинематограф е Душан Кардалевски, монтажер Михаил Димитров, сценограф Сашо Блажевски, а костимите се на Роза Трајчевска.


Во филмот главната улога ја игра смртта. Вообличена во убава млада жена, смртта влегува во животот на еден брачен пар, создавајќи љубовен триаголник.

Филмот е во продукција на „Слобода филм“ – Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK