Фестивал на современа музика МОДОАРС 2020



Оваа година, во рамките на Фестивалот за современа музика МОДОАРС ќе се одржат два концертни настани:

–          13.08.2020 – среда,  21:30 часот – Излет кафе, Скопје

Концерт на Тони Китановски  – гитара

–          14.08.2020 – четврток, 21:30 часот – платформа на плажата Куба Либре, Охрид

Концерт на Ема Попивода – пијано

 Тони Китановски е еден од нашите најпознати џез музичари со интернационална кариера и во рамките на МОДОАРС 2020 ќе имаме несекојдневна можност да го слушнеме со солистика изведба на гитара. Ема Попивода е пијанистка која бележи бројни концерти во Македонија, но и низ целиот свет. На овој нејзин концерт ќе се изведат композиции за пијано на познати теми од легендарната група Битлси. Гостин на концертот ќе биде поетесата Наташа Сарџоска.

Фестивалот МОДОАРС оваа година ќе издаде и аудио издание – ЦД со композиции од македонскиот композитор Димитрије Бужаровски. МОДОАРС оваа година ги поддржува исклучиво домашните уметници. Концертите ќе се одвиваат на отворен простор, придржувајќи се на сите протоколи за заштита од КОВИД 19.


Продолжи собраниската расправа за избор на нова влада - МИА
Вести

Почна собранискара расправа за избор на заменици на министрите во Владата

– Справување со последиците од пандемијата, зачувување на работните места, создавање функционална економија и враќање на економскиот раст на 4 отсто, унапредување на животниот стандард на граѓаните и натамошен раст на платите, силни институции, неселективна правда […]

Вести

Нови 88 случаи на Ковид-19 од 1618 тестирања, петмина починати и 135 оздравени

-Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-3, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-1, Струмица-7, Крива Паланка-2, Кочани-3, […]

Утре нов протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправда, реваншизам и насилствод, - МИА
Вести

Утре нов протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправда, реваншизам и насилствод,

Скопје, 22 септември 2020 () – Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за утревечер најави нов протест во Скопје преку кој, како што наведе во објава на Фејсбук, ги повикува граѓаните да протестираат против неправда […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*