Фестивал на македонски современ филм во Копенхаген


Фестивал на македонски современ филм ќе биде отворен вечер во 19 часот во Копенхаген, во организација на Данскиот филмски инситут.

На отворањето на Фестивалот ќе биде прикажан филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески.

Во селекција на филмскиот критичар Гена Теодосиевска, данската публика идната недела ќе има можност да ги проследи и филмовите „Превртено“ на режисерот Игор Иванов Изи, „Три дена во септември“ во режија на Даријан Пејовски, „Балканот не е мртов“ во режија на Александар Поповски и „Амок“ на режисерот Вардан Тозија.

Овој настан е продожување на соработката меѓу Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и Данскиот филмски институт откако пред две години во програмата „Земја во фокус” беше претставена данската современа кинематографија.

На отворањето вечер пред публиката ќе се обратат претставникот на Данскиот филмски институт, Јеспер Андерсон, директорот на фестивалот „Браќа Манаки“, Гена Теодосиевска и амбасадорот на Северна Македонија во Кралството Данска, Александар Новотни.


НБ ја затвори Еуростандард банка, штедачите ќе бидат обесштетени - МИА
Бизнис

НБ ја затвори Еуростандард банка, штедачите ќе бидат обесштетени

Скопје, 12 август 2020 () – Народната банка денеска ја затвори банката Еуростандард АД Скопје поради неисполнување минимални законски услови за работење. Како што соопшти гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, затворањето на Банката воопшто нема да ја доведе […]

Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 139 случаи со Ковид-19, еден починат, 239 оздравени пациенти

Скопје, 12 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, […]

Преговорите за новата влада по Илинден, ЕУ очекува стабилна коалиција и силен Парламент - МИА
Вести

В петок, според СДСМ, Заев ќе го добие мандатот, Мицкоски за нови избори ако се исцрпат можностите за формирање влада

Скопје, 12 јуни 2020 () – На два дена до рокот за доверување на мандатот за состав на Владата, официјално нема договор меѓу партиите кои освоија најмногу пратенички места. Од СДСМ тврдат дека Заев е […]