Факти и информации за македонскиот јазик и култура на штандот на КИЦ на Македонија во Софија

kic_makedonija_bugarija_345355
Facebook
Twitter
LinkedIn

Информации и факти за македонската култура и јазик, како и брошури и каталози за Република Македонија, се достапни за посетитетлите на македонскиот штанд на плоштадот „Славеиков“ во Софија, поставен по повод одбележувањето на Европскиот ден на јазиците.




Македонското претставување на оваа манифестација го огранизира Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија. Како што јави дописникот на МИА, програма за посетителите на штандот ја води режисерот и актер Ѓорѓи Георгиев – Антика од Штип, придружуван од неговиот колега Пламен Великов од Софија.

КИЦ на Република Македонија во Софија по шести пат учествува на овој значаен културен настан. Заедно со КИЦ на Македонија, учествуваат и културните центри на Чешка, Полска, Шпанија и Италија.

Полскиот културен центар во Софија и подари дел од својот простор на Украина, каде што има книги поврзани со нејзината култура. Сашко Насев, директорот на КИЦ на Македонија, го посети полско-украинскиот штанд и разговараше со нивните претставници за културните врски меѓу Скопје, Варшава и Киев.

Одбележувањето на Денот на европските јазици оваа година се совпаѓа со празникот на Софија. Градоначалничката на Софија Јорданка Фандакова ги отвори настаните поврзани со празникот на бугарската престолнина посветени на православниот празник Вера, Надеж и Љубовта.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Можеби ќе ве интересира: