Етнографски филмови од Шпанија и Мексико на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола

etnografska_izlozba_4543534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Интернационалниот етнографски филмски фестивал во Битола продолжува со проекција на етнографските филмови „Другиот Клуб 700“ на Арак Бланко и „Соништа“ на Хуан Хавиер Перез.

„Другиот Клуб 700“ е копродукциски филм од САД и Шпанија, кој се одвива на крстосница на улиците „Бродвеј“ и „Тортон“ во Бруклин и претставува поетска рефлексија на реалноста на брзиот капиталистички систем, додека документарниот филм „Соништа“ на Хуан Хавиер Перез е посветен на соништата на народот на Маите во Мексико.


Програмата со етнографски филмови, селектирана од Тони Гламчевски и поддржана од Агенција за филм, се реализира во рамки на фестивалот „Илинденски денови“, а на 26 јули, односно на денот на завршувањето ќе биде емитуван и документарецот „Лазаренки“ на Силвестер Проле, проект реализиран под покровителство на Општина Гевгелија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK