„Единственото сеќавање на Флора Бенкс“ во издание на „Бата прес“


– „Бата прес“ на македонски јазик го објави романот „Единственото сеќавање на Флора Бенкс“ од британската авторка Емили Бар. Романот од англиски го преведе Ацо Пероски, а неговото објавување е поддржано од Европската Унија и Министерството за култура во рамки на проектот „Креативна Европа“.

– Станува збор за бестселер за млади, психолошки трилер, кој набргу по објавувањето ја освои читателската публика во Велика Британија, другите европски земји, американскиот континент и Австралија. Во книгата е раскажана несекојдневна љубовна и животна приказна која мотивира на упорна борба, а возбудливиот начин на кој е напишана не го остава читателот ниту за миг, соопшти „Бата прес“.

Авторката Емили Бар работела како новинарка за весникот „Гардијан“ во Лондон. Досега има објавено 12 романи за кои добила и голем број книжевни награди и признанија. „Единственото сеќавање на Флора Бенкс“, објавен во 2017, е нејзин прв роман за млади.


Заев со поддршка за електронското гласање и овозможување 16 часа за гласање на иборниот ден - МИА
Вести

Партиите блиску до договор, да се искористи периодот на вонредна состојба за постигнување консензус

Скопје, 31 мај 2020 () – Претседателот Стево Пендаровски вчера, по седницата на Советот за безбедност, откри дека партиите биле блиску до договор за датум за избори, но последните два дена, поради ситуацијата со коронавирусот […]

Изјава на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски (во живо) - МИА
Вести

Почнува четвртата вонредна состојба во земјава

Скопје, 31 мај 2020 () – Зголемениот број заразени и починати лица од коронавирусот е главна причина за четвртата вонредна состојба во државава што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски. Оваа одлука, како што рече Пендаровски по […]