Дијана Имери Илкоска ќе диригира во Грузија

Дијана-Имери-Илкоска-ќе-диригира-во-Грузија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонската диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, на 6 ноември ќе диригира во Грузија, каде што ќе настапи заедно со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“ во Тбилиси.


Имери Илкоска, доби специјална покана од престижниот Камерен фестивал на Тбилиси, кој секоја година од 2 до 6 ноември се одржува во Државниот конзерваториум „Вано Сараишвили“.

Имери Илкоска всушност, настапува на финалниот концерт на фестивалот, кој во Тбилиси и воопшто во Грузија, се смета за еден од најзначајните настани за љубителите на класичната музика.

„Со нетрпение го очекувам моето гостување во Тбилиси, пред се, поради тоа што ме очекува соработка со врвни солисти и престижниот оркестар кој ме покани со концерт свечено да го затворам Камерниот фестивал за класична музика. Ваквите покани за мене се потврда дека она што го работите со огромна љубов, посветеност и стремеж кон вистински квалитет, надалеку се слуша и не може да остане неприметено“, вели Имери Илкоска.

Заедно со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“, како солисти ќе настапат тројцата пијанисти со зад себе завидна кариера: Давид Аладашвили (Грузија), Мариана Ахба (Грузија/Франција) и Луис Швицгебел Ванг (Швајцарија). Ќе бидат изведени уверирата од „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт, Концертот за две пијана од Моцарт, како и Концертот за две пијана од Франсис Пуланк.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK