„Денови на македонската култура“ во Белград

srbija-skopje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Манифестацијата „Денови на македонската култура“ е отворена во Белград со изложбата на слики „Очите гледаат се“ на авторката Гордана Јаневска, во галеријата „Никола Радошевиќ“.

На отворањето на изложбата, што ќе трае до 21 мај, пригодни говори и поздрави имаа Зорица Митровиќ, претседател на македонското друштво во Белград „Македониум“ и Синиша Новески, скулптор и уметнички директор на фестивалот „Деновите на македонската култура“.


„Очите се портата и преминот помеѓу духовното и реалното, метафизичкото и објективното, а со тоа сликите на авторката се визуелно и интимно искуство и претстава на нејзиниот поглед на светот, луѓето и природата“, се вели во текстот за изложбата подготвена од Синиша Новески.

Сликарката имаше голем број самостојни и групни изложби во Македонија и во странство, додека изложбата „Очите гледаат се“ е нејзино прво авторско претставување во Белград.з

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK