„Денот на Баба Марта“ меѓу десет најдобри европски приказни


„Денот на Баба Марта“ меѓу десет најдобри европски приказни - МИА

Скопје, 29 јуни 2020 () – Проектот „Денот на Баба Марта“ на Центарот за научно истражување и промоција на културата „Хаемус“ е избран меѓу десетте најдобри европски приказни во рамките на повикот „Приказни за европското културно наследство“, поддржан од Европската комисија и Советот на Европа, во рамките на програмата „Европски денови на културното наследство“.

„Денот на Баба Марта“ е создаден за поддршка на мултинационалната апликација „Културните обичаи поврзани со прославувањето на 1 Mарт “ во УНЕСКО, со цел зачувување, презентација и популаризација на обичајот „Мартинки“. Во 2017 година мартинките беа впишани во Репрезентативната листа на УНЕСКО и станаа дел од светското нематеријално културно наследство, а „Хаемус“ стана правен носител на ова културно добро од Македонија во УНЕСКО.

Од „Хаемус“ посочуваат дека се строги условите да се биде дел од повикот „Приказни за европското културно наследство“ и дека покрај многу други категории, важно е што една граѓанска организација мора претходно да има организирано барем еден голем јавен настан во последните три години.

-Тој настан е пожелно да биде координиран, евалуиран и реализиран во рамките на националната програма за „Европските денови на културното наследство“. Подоцна, при аплицирањето, целта на приказната е да се претстави и сподели македонското културно наследство, како  дел од заедничкото – европско културно наследство,  велат од „Хаемус“.

 


Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 120 случаи со Ковид-19, четворица починати, 123 оздравени пациенти

– Во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-5. Во ГОБ […]

Имунолошкиот пасош за патување засега само размислување, има многу отворени прашања - МИА
Вести

Влезот на македонски државјани во Грција забранет на сите гранични премини

Атина, 1 јули 2020 () – Околу 10 до 15 автомобили од Северна Македонија и Босна и Херцеговина утрово биле вратени од граничниот премин Промахонас/Кулата на грчко-бугарската граница, откако сакале преку Бугарија да влезат во […]

ДИК ги отфрли приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица за предвреме почната изборна кампања - МИА
Вести

Право на глас на парламентарните избори на 15 јули ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи

Скопје, 1 јули 2020 () – Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 15 јули. Право на глас на изборите ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*