Демант од НУ Филхармонија на РСМ

filharmonija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во врска со изнесените дезинформации во јавноста дека Македонската филхармонија наводно настапила на свадбата на познат скопски бизнисмен во хотелот „Мериот” во Скопје, националната културна установа ги демантира тенденциозните и сензационалистички наводи објавени во дел од медиумите.

„Под секое ниво на Филхармонија како една од најценетите и најреномирани институции во државата е да свири на приватни веселби и свадби, кои немаат никаква допирна точка со пропагирање на музичкото творештво и културните вредности. Симфонискиот оркестар на Македонска филхармонија настапува само во рамките на својата претходно дефинирана програма и редовниот репертоар, но тоа не ги спречува членовите на оркестарот приватно да бидат ангажирани и самостојно да музицираат надвор од институцијата. Ваквите измислени написи имаат само за цел да ја дискредитираат работата на Филхармонија и да го нарушат нејзиното реноме. Симптоматично е и тоа што ова се случува во комплексен период за институцијата, кога вработените секојдневно протестираат против одлуката на Владата институционално да се смести друга национална установа во зградата на Филхармонија“.


НУ Филхармонија на РСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK