Делото на словенечки уметници „Нов светски поредок“ изложено во Мала станица


Делото на словенечки уметници „Нов светски поредок“ изложено во Мала станица - МИА

Скопје, 28 мај 2020 () – Националната галерија објави дека добила подарок од „Нов колективизам“, група словенечки уметници односно нивното дело создадено во времето на пандемија наречено „Нов светски поредок“. Делото ќе може да се види во објектот Мала станица во Скопје.

– Националната галерија и покрај тешките услови за работа во ова време ги следи и е во тек со светските актуелни случувања во уметноста и со задоволство објавува дека е меѓу неколкуте избрани музеи и галерии кои добија подарок од „Нов колективизам“ (Novi Kolektivizam), група словенечки уметници, со светски признати референци за нивното творештво, составена од Дејан Кнез (Laibach), Миран Мохар (IRWIN), Дарко Покорн (Novi kolektivizam) и Роман Уранјек (IRWIN), соопшти Националната галерија.

Наведува дека делото е создадено на 25 март 2020 година и е дел од нивната акција и верба дека како уметници тие исто така мора да бидат хроничари на едно време, а уметноста е вистинскиот медиум за искажување на критички став.

– Дизајнот на плакатот „Нов светски поредок“ беше испратен на адресите на неколку светски музеи и галерии со кои тие соработуваат и чија работа ја почитуваат, со што повторно се потврди довербата што оваа уметничка група ја препознава во успешното работење на Националната галерија вклучувајќи ја преку проектот рамо до рамо со светски познати галерии и музеи, информира Националната галерија.

Новата аквизиција на Националната галерија е постер наречен „Нов светски поредок“ инспириран од сегашната пандемија на корона вирусот.

Постерот е создаден како одраз на тековните настани низ целиот свет, а потоа започнаа серија виртуелни изложби на постерот во повеќе светски градови (Њујорк, Москва, Рим, Париз, Пекинг, Лондон, Берлин итн.).

– Националната галерија со задоволство се приклучи на оваа акција заедно со други музеи и галерии и го изложија постерот во Скопје, а публиката веќе има можност да го види на објектот Мала станица. Со ова дело, „Новиот колективизам“ потврдува дека во рамките на култниот уметнички колектив НСК (Neue Slowenische Kunst) дизајнот бил и останува многу важен сегмент од нивниот визуелен идентитет. Нивното најпознато дело е контроверзниот постер за штафетата на Денот на младоста во 1987 година, кој ги донесе во центарот на настаните во поранешна Југославија, а со новата акција „Нов колективизам“ само ги продолжува уметничките реакции на тековните историски настани како што дејствуваат уште од 1984 година од кога се основани, наведува Националната галерија.нд/


Вести

Со маска, средство за дезинфекција и дистанца, ДИК со герила акција во Скопје повика на безбедно гласање!

Караванот на Државната изборна комисија денеска беше во скопските општини Сарај, Шуто Оризари, Чаир и на плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје со нивната герила акција. ДИК повика на безбедно гласање со делење на едукативните […]

Вести

Нови 163 случаи со Ковид-19, осум починати, 230 оздравени пациенти

– Во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-87, Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Николе-9, […]

Филипче: Имаме протоколи и доволно заштитна опрема за спроведување на изборите - МИА
Вести

ДИК ги повикува учесниците на изборите да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето на граѓаните

Скопје, 8 јули 2020 () – Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги повика сите вклучени во изборниот процес да ги почитуваат здравствените мерки, упатствата и протоколите за предвремените парламентарни избори на 15 јули. – Само […]