Битолски проект за 3Д виртуелна прошетка низ културно историското наследство



Битолски проект за 3Д виртуелна прошетка низ културно историското наследство - МИА

Битола, 22 мај 2020 () – Општина Битола објави покана за учество во проект „Кинокултура“ и изработка на 3Д виртуелна презентација и интерактивна веб апликација за истражување на културно историските споменици во Битола.

За реализација на проектот Општина Битола доби 197.530 евра, кои ќе бидат искористени и за набавка на кино опрема, која ќе биде инсталирана за кино проекции во новото кино „Манаки“ што се наоѓа на Широк Сокак во овој град.

–Во рамки на проектот ќе бидат изработени промотивни материјали, краток документарен филм и студија за валоризација на културно историското наследство во Битола. Реализацијата на овие активности, предвидени во буџетот на проектот, ќе овозможат креирање на приказна, преку која ќе се промовира значајното културно историско наследство кое има голема вредност за овој град. Проектот „Кинокултура“, ќе ја обезбеди и потребната опрема и промотивниот материјал за туристичкиот информативен центар, кој е дел од програмата за туризам на Општина Битола, информираат од локалната самоуправа.

Проектот „Кинокултура“ се реализира со финансиска поддршка од ИНТЕРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија, период 2014-2020 година.


Вести

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Владата на денешната 7-ма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици […]

Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Бизнис и економија

Онлајн дискусија: За ефективни министри потребни се интегритет, работа и тим и вложување во администрацијата

– Три елементи се клучни за да понудиме резлтат во која било област што ја работиме – интегритет, работа и тим, потребно е и чувство дека како Министерство за одбрана сме дел од еден тим кој […]