Балетскиот бисер „Есмералда“ од Чезаре Пуњи на 4 ноември на сцената на Националната опера и балет

Балетскиот-бисер-„Есмералда-од-Чезаре-Пуњи-на-4-ноември-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еден од бисерите на балетската уметност „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 4 ноември 2023 со почеток во 20.00 часот.


Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква” од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, а ќе јас пренесе реномираниот кореограф од Русија, Михаил Крапивин, раскошната сценографија и костимографија се на Живојин Трајановиќ и Љупка Ристовска, концерт-мајстор е Климент Тодороски.

Во насловната улога ќе настапи примабалерината, Марија Кичевска-Шокаровска, во улогата на Феб ќе настапи Франциско Хименез Руиз (Шпанија), во улогата на Флер де Лис, Ивана Коцевска, во улогата на Гудула ќе настапи Ангела Богатинова, Клод Фроло е Мирослав Митрашиновиќ, Квазимодо: Јан Кисилев.

Настапуваат балетските солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK