Балетската претстава „Ана Каренина“ од Петар Илич Чајковски повторно на сцената на НОБ

balet
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Националната опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава „Ана Каренина“ од Петар Илич Чајковски.

– Преку современите кореографски решенија, сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичката но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој, соопштуваат од НОБ.


Како што посочуваат, во повеќе од два часа, балетските уметници од Националната опера и балет со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…

Во главните улоги ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска, Бобан Ковачевски, Гилерме Алвес (Португалија), како и истакнати солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK