Арсов: Потребна е комплетна промена на моделот на финансирање во културата

Младинскиот културен центар нема да зависи од буџетската поддршка и ќе настојува да ги реализира планираните активности, меѓу кои ќе има и гостувања на странски уметници, за целата програма и обврските да се изменаџираат професионално, рече денеска на прес-конференција в.д. директорот на МКЦ Русе Арсов.

Заедно со целиот креативен тим тој информираше за сите дејности и настани што ги организира МКЦ, а во однос на финансирањето рече дека во културата е потребно комплетна промена на моделот на распределба на буџетот. Ќе ги обжалат одлуките за проектите за кои не се задоволни од резултатите во Годишната програма.

-Повеќе од десет години заговараме да се најдат нови модели на распределување на јавните средства. Тројца луѓе, колку и да се професионални, не можат да одлучат врз основа на 500, 600, 700 сектори за распределба на јавни средства. Мислам дека треба да се работи на комплетна промена на моделот на финансирање и распределба на тие средства,  а не за тоа да се решава во кабинети и во некои мали комисии, за кои не ја оспорувам нивната професионалност и стручност. Но музичката дејност не може да биде и фолклор, и класика, и естрада, и сè во едно, а фестивал „Здраво млади“ со пет илјади публика да добие нула денари, истакна Арсов.

Во однос на поддршката за Млад отворен театар-МОТ кој добил четири милиони денари рече дека иако сметаат дека е малку, не можат да приговараат зашто според утврден критериум за кој, рече,  дознале неодамна, тоа е и максималниот ограничен износ за поддршка на театарски фестивал.

Има очекување дека со приговор ќе ја поправи одлуката за „Синедејс“, што од  Агенцијата за филм доби три милиони денари. Тоа на средба му го навестил директорот Горјан Тозија.

-Можеби сум и наивен, но среќен сум по нашиот состанок на кој мислам дека ги расчистивме различните ставови околу многу точки кои за него беа проблематични. Се согласи дека сето тоа јас дополнително треба да го доставам како приговор, кој законски е наша можност, рече Арсов.

На новинарско прашање одговори дека ќе се пријави на тековниот конкурс на Град Скопје за директор на Младинскиот културен центар, каде што сега е вршител на должност,

-Секако, дваесет години сум во куќава. Ова е само продолжување на една борба која во последните девет-десет години овој тим ја води и не гледам зошто не би се докажале за она што сакаме дополнително да го направиме со оваа институција и да го породолжиме тоа што сме го граделе сиве овие години, истакна  Арсов.

Вести

Судењето за „27 април“ продолжува со завршни зборови на обвинетите

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година. Вчера завршни зборови дадоа дел од обвинетите. Судскиот процес започна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, […]

Балкан

„Блиц“: САД подготвени на поекстремни потези кон Приштина

По одбивањето на Приштина да ги повлече таксите за производи од Србија, САД се подготвени на поекстремни потези, кои би требало да ги погодат директно политичките лидери на косовските Албанци и нивните главни проекти, пишува […]

Вести

Завршни зборови на одбраната на „Титаник 2“

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за случајот за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 2“ на кое завршни зборови треба да дава одбраната. Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот […]

Вести

Нов состанок на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија

Дали да се препорача заедничко чествување на Цар Самоил, Гоце Делчев, Илинденското востание се меѓу личностите и настаните за кои ќе се дебатира  на четвртиот состанок на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни […]

Вести

Заев и Ахмети ќе се обидат да најдат заеднички кандидат за претседател

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба во Клубот на пратениците заклучиле да направат обид да се најде заедничка личност за кандидат за претседател на државата. Заев […]

Бизнис

Бензините поскапуваат, дизелот останува ист

Од полноќ поскапуваат бензините, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за пола денар, а Еуросупер БС-98 за еден денар. Така, […]

Интересно

„Квин“ ќе настапи во живо на доделувањето на Оскарите

Британскиот рок-бенд „Квин“ ќе настапи во живо на доделувањето на Оскарите в недела, објавија вчера организаторите. Биографскиот филм за славниот пејач Фреди Меркјури, „Боемска рапсодија“, има повеќе номинации. Годинава навршуваат 28 години од смртта на […]

Интересно

Пијана жена повикала пожарникари да ѝ ја изгасат „душата која ѝ гори“

Во Уфа, престолнината на руската автономна Република Башкирија, пијана жена се јавила во противпожарната служба и ги повикала пожарникарите за ѝ ја изгаснат „душата која ѝ гори“. Видеото, снимено од пожарникари, се појави и на социјалните […]

Интересно

Портокалови алигатори повторно се појавија во САД

Два портокалови алигатора се забележани на плажата Сајпрус Рич во американската сојузна држава Јужна Каролина. Ова се случува само две години откако друг портокалов алигатор го изненади целиот свет. Необичната боја на животните повторно предизвика […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*