Моќниот глас на Нина Јанева преточен во песна “Ова е крај”


По подолга пауза Нина Јанева со нова песна која внесува доза на свежина на македонската музичка сцена. Песната е комплетно авторско и продуцентско дело на Александар Масевски, а за реализацијата на видео записот се погрижи Александар Ристовски-Принц. Конечно македонската публика има дело во кое може да ужива, знаеме дека многу од слушателите ќе се пронајдат во текстот на оваа балада, а скоро сите ќе уживаат во мелодијата и видео записот.