Проф. Панов: За грчкото присвојување на термините Македонија и Македонци!


Втор дел од колумната „Како Бугарија и Грција ја делат историјата на Македонија“



Сведоци сме дека намерите за затварање на „македонското прашање“ иницирани со договорите на Република Македонија со Бугарија (2017) и Грција (2018), во последно време наоѓаат манифестација во отворените тенденции за присвојување на историјата на Македонија, која станува предмет на поделба помеѓу Софија и Атина.

Оспорувањата на посебноста на македонскиот јазик во последната публикација на Бугарската академија на науки „За официјалниот јазик на Република Македонија“, засновани на конструираните тези за наводниот „бугарски“ етнички карактер на Словените во Македонија (и тоа уште од 6 век), како и „бугаризирањето“ на св. Кирил и Методиј, св. Климент и Наум Охридски, цар Самуил, само потврдува дека преку концептот на „заедничка“ историја, Бугарија претендира да го проектира „бугарскиот“ етнички континуитет на територијата на Република Македонија oд средновековието до денес (Митко Б. Панов, Expres, 10.05.2020).

Тоа нè води кон Грција, која од своја страна исто така сосема отворено ги пројавува претензиите за присвојување на историјата на Македонија, повикувајќи се на Преспанскиот договор.

Грчкиот професор и член на заедничката македонско-грчка експерска комисија за историски, археолошки и образовни прашања, Спиридон Сфетас, во јули минатата година мошне илустративно предочи дека во „современата македонска борба со историчарите од соседната земја“, Грција веќе постигнала „национален успех“ за клучните историски прашања.

Како потврда на грчките yспеси во „современата македонска борба“ за историјата, Сфетас го обелодени „Тајниот извештај за скопските учебници,“ во кој се конкретизираат постигнатите договори во рамките на заедничката експертска комисија (Spiridon Sfetas, Ethnos, 6.07.2019).

Имено, во извештајот се констатира дека комисијата се согласила околу дефинирањето на античка Македонија како дел од античката грчка историја и култура, дека античките Македонци не биле различни од Хелените (биле Хелени), како и дека Словените немале (и немаат) ништо заедничко со античките Македонци.

Јасно е дека со ваквите формулации историски се верификуваат политичките одредби од Преспанскиот договор. Меѓутоа, Извештајот открива дека постигнатите договори во рамките на комисијата опфаќаат многу повеќе од античката историја и претендираат историски да го дефинираат и утврдат значењето на самите термини Македонија и Македонци во сите историски периоди.

Имено, се наведува дека комисијата констатирала дека по 148 г. пред н.е. терминот Македонија имал исклучиво административно значење (римска провинција, потоа византиска тема), што не кореспондирало со историската Македонија.

Дури во 14 век, терминот Македонија ја вратил историската содржина во византиските извори.

Притоа, од Извештајот дознаваме дека особено важно за Грција била договорената интерпретација дека Словените не го зеле името Македонци од античките Македонци, дека термините Македонци и Словени не биле истоветни во средновековието, додека, пак, за Грците терминот Македонци го задржал значењето како културно наследство на античките Македонци.

Врз основа на тоа, комисијата утврдила дека терминот Македонци за време на османлиското владеење имал само локален идентитет – географска ознака за сите христијани, вклучувајќи ги и јужните Словени, а бил користен како симбол на храброста во очекување на новиот христијанин Александар Велики да ги ослободи од “младите Персијци-Османлиите“.

Меѓу успесите за Грција во Извештајот е содржано и историското реферирање кон Букурешкиот договор од 1913 и Париската мировна конференција (1919), како и постигнатиот договор во комисијата терминот „егејска Македонија“ да биде заменет со терминот „грчка провинција Македонија“ (Spiridon Sfetas, Ethnos, 6.07.2019).

Историските интерпретации содржани во извештајот од работата на комисијата, иако мошне кратки по содржина, се од суштинско значење. Ревизионистичкaтa историскa содржина договорена од комисијата не значи ништо друго, туку признавање дека историските термини Македонија и Македонци се грчко наследство и претставуваат „сопственост“ на Грција.

Ваквиот заклучок се извлекува од договорената интерпретација дека aнтичка Македонија и античките Македонци биле неотуѓив дел од хеленската историја и култура, од што произлегува дека Грција била татковина на самите историски имиња Македонија и Македонци, кои имале грчки карактер. Сите натамошни историски дефинирања, се базираат на ваквата интерпретација која се третира како неспорна и конечна вистина.

Во што всушност се состои значењето на постигнатите договори во комисијата за Грција, може да се согледа од последната колумна на проф. Сфетас насловена „Бугарскиот романтизам и современата реалност во Република Македонија“ (Spiridon Sfetas, Eidiseis, 19.05.2020).

Веднаш се забележува дека текстот всушност се сведува на објаснување на историската генеза и значење на терминот Македонци во различните периоди, а притоа сосема јасно ги рефлектира формулациите договорени во комисијата.

Констатирајќи дека Словените немале никаква врска со античките Македонци и дека Словените воопшто не биле асоцирани и идентификувани со името Македонци во средновековието, Сфетас претендира да даде одговор на прашањето коешто самиот го поставува како клучно за Грција – како тогаш терминот Македонци бил наметнат како декларативен термин за Словените?

Според неговото објаснување (што кореспондира со Извештајот), до тоа дошло како резултат на освојувањата на „византиска историска Македонија“ во 14 век од страна на Србите кои како христијански владетели се бореле против Османлиите кога тие ја нападнале Македонија. Српските владетели – наследници на цар Душан (меѓу кои Сфетас ги вбројува Волкашин и Марко), наоѓајќи се на територијата на историска Македонија, започнале симболично да го имитираат и да се повикуваат на храброста на младиот Александар Велики, кој ќе ги порази „новите Персијци – Османлиите“.

Понатаму тој констатира дека терминот Македонци како митска референца за Александар Велики, постепено станал географски термин за означување на сите христијани во Македонија (вклучително и јужните Словени), кои го исчекувале доаѓањето на новиот христијански владетел Александар како симбол на храброста, да ги ослободи од Османлиите.

Оттаму, според Сфетас произлегува и симболичното именување на Душан како „цар на Македонците“ во подоцнежните српски ракописни преписи. Самиот мит за словенското потекло на Александар Велики, Сфетас го поврзува со дубровничкиот поет Иван Гудулиќ (1589-1638) кој во поемата “Осман” упатил на српското потекло на Александар Велики, во контекст на војувањата со Османлиите.

Врз основа на тоа, тој појаснува дека референцата Македонци преку словенскиот мит за Александар се проширила меѓу јужните Словени и станала позната и во пошироката територија на Македонија во 16 век.
Митот за словенското потекло на Александар Велики, според него, подоцна бил претворен од Албанците во мит за Александровото илирско потекло, но како и словенскиот, исто така немал историска поткрепа.

Оттаму, Сфетас тврди дека митот за словенскиот Александар функцинирал повеќе како легитимирање на историското присуство на Словените во Македонија, со оглед дека Грците ја сметале Македонија за грчка земја. Врз основа на тоа, тој заклучува дека терминот Македонци бил користен исклучиво како географска ознака, со која се означувале и оние кои зборувале словенски јазик. За Грците, пак, терминот Македонци во континуитет го означувал наследството на античките Македонци.

Врз основа на ваквата интерпретација на значењето на терминот Македонци во пост-средновековниот период, Сфетас всушност понатаму претендира да докаже дека не постоела било каква форма на колективен македонски, односно словено-македонски идентитет.

Според него, Словените кои ја населувале пошироката територија на Македонија биле архаична, аморфна маса, со локален идентитет поврзуван со територијата, но без национално самосознание. Тоа тој се обидува да го поткрепи со тврдењето дека во духот на романтизмот во 19 век, основа за формирањето на национална свест било повикувањето на историското минато и култура.

Продолжете со читање на expres.mk


Вести

Земјотрес во Македонија, епицентарот во близина на Скопје

Земјотрес со јачина од 3,4 степени ја погоди Македонија. Потресот бил почувствуван и во Косово и Србија. Според првичните податоци на веб-страницата www.emsc-csem.org која објавува податоци за земјотреси во целиот свет, потресот се случил во […]

Вести

Средновековниот и раноосманлискиот период во македонските учебници тема на 11. средба на македонско-бугарската Комисија

– Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи утре и задутре. […]

Бојан Јовановски поднесува повеќе кривични пријави во ОЈО Скопје - МИА
Вести

Катастарски парцели презентирани на рочиштето за „Меѓународен Сојуз” 

– Со вербална расправија меѓу судијката Софче Гаврилова-Ефремова, и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, започна денешното рочиште за случајот ,,Меѓународен Сојуз”. Презентација на материјалните доказите на обвинителство за кратко го одложи барањето на обвинителот […]