Пресврт: Илинденска се уште на маса – пишува Горан Момироски


Република Илинденска Македонија или Republica Ilindenska Makedonija на латиница без право да се преведува на англиска транскрипција е опцијата која што сеуште е на маса иако вчера беше отфрлена од Грција.

Пресвртот за кој брифираат добро информирани дипломатски извори се случил по телефонскиот разговор во кој американскиот потпретседател Пенс “го охрабрил” премиерот Ципрас да бара решение за спорот.

Со тоа непреведливата варијанта на Илинденска Македонија останува главна основа на која ќе се одвиваат преговорите за името и тоа со поголема улога на медијаторот Нимиц.

Планот кој треба да не внесе во НАТО и да обезбеди преговори за ЕУ има неколку точки, може да трае три месеци а прво Македонија мора да создаде услови за тоа.

Најпрвин Заев треба да го изгласа решението со просто мнозинство во парламентот и тоа пред крајот на јуни кога се случува самитот на ЕУ во Брисел.

Во меѓувреме се калкулира дека со поддршка од опозицијата може да се започне процедура за уставни измени со цел во уставот да се додаде новата додавка и да се обезбеди целосна употреба внатре и надвор според принципот Ерга Омнес.

Грција односно Ципрас од своја страна треба да обезбеди мнозинство во грчкиот парламент каде што треба да биде прифатено новото име. Планот е со Нова Демократија и со министерот за одбрана Каменос да помогнат “пријателите” со цел да прифатат “Македонија” во решението а Илинденска да помине во Атина.

Продолжете со читање на expres.mk

Вести

Законот на ЈО во август, ако се постигне консензус

Владата вчера на седница го усвои Предлог-законот за Јавното обвинителство и донесе одлука да биде испратен на усвојување во Собранието со европско знаме и во скратена постапка. На предлог на Министерството за правда Владата прифати […]

Вести

Хан и Рикер доаѓаат во Скопје на средби со државниот врв и со опозицијата

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утре доаѓа во Скопје на средби со државниот врв и со лидери на политички партии. Хан ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев и со лидерот […]

Вести

Јанева негира вмешаност во „Рекет“, тврди дека некој со сите сили сака да го урне СЈО

Специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева вчера на прес-конференција негираше дека е вмешана во случајот „Рекет“. Обвини дека против неа и нејзиното семејство се води хајка уште од самото стапување на функцијата, со цел нејзина […]