Премиерот што се огради сам од себе – пишува Горан Момироски


Десет дена откако самиот објави дека прифаќа придавка во името македонскиот премиер Зоран Заев денеска се огради од споменување на придавка во однос на името. Причината била тоа што разговорите се во финалната фаза.



Пред еден месец најави дека наредната средба со Ципрас ќе биде знак дека името е во финална фаза и дека состанокот во Софија на маргините на самитот Западен Балкан – ЕУ е при крај. Но како што гледаме сега почнувала вистинската финална фаза во која се договорени само принципите и начелата.

Практично премиерот повторно но овој пат јавно се огради сам од себе и од својот предлог Илинденска Македонија како што се предходно со премолчување се огради и од најголем број свои стари изјави и позиции.

Како на пример дека нема да се менува уставот и новото име нема да се користи внатре во земјата. Нешто што е прифатено со пакетот Илинденска Макединија и нешто што речиси извесно ќе биде дел од пакетот со Северна или Горна Македонија.

Ако мисли дека од бездната може да го спаси идејата што циркулира повеќе од еден месец а која предвидува модифицирана двојна формула повторно се лаже.

Позицијата за промена на ново име само на пасоши, лични карти и буквално сите документи кои излегуваат од земјава а уставот да се менува само преку преамбулата или со уставен амандман, сепак е ревизија на највисокиот правен акт и во исто време е Erga Omnes .

Оваа опција која Заев им ја нуди на грчките пријатели има неколку мани.

1. Грција бара додавање на северна/горна/ нова во над стопедесет членови на уставот а засега одбива уставен амандман или “пука козметика” во преамбулата

2. Атина инсистира промена на сите имиња на национални институции на пример МАНУ во АНУГМ или АНУСМ.

3. Оваа мана е поврзана со идејата сите институции во земјава да ги задржат имињата но само ако тие немаат врска со било која надворешна форма на живот што битисува вон Македонија.

Таква опција е можна само во најпустите делови од земјава, на Крчин, Солунска Глава, Стогово, Црн Врв или во некое запустено село во мариовско каде што не стапнува жив човек. Сите останати државни локации имаат контакт со грчки туристи, бугарски соседи, европски експерти, американски мисионери или српски советници.

Посебен проблем е стравот дека некоја нова влада или локална самоуправа нема да го следи договорот, на што алудираше и Мицотакис кога апелираше Ципрас да не потпишува ништо и да не дава зелено светло за Македонија во НАТО и ЕУ.

Денеска премиерот го негираше и неговиот заменик вицепремиерот Анѓушев кој пред 3 месеци лицитираше со имињата Северна, Горна и Нова.

А најмногу неговите апологети во јавниот живот кои секојдневно прифаќаат Горна без идентитет или Северна со јазик.

Како да знае дека приватно го нарекуваат: Премиер за една употреба, потрошна роба, најлудиот ама најкорисниот, сељак, неизживеан а јавно ги бранат неговите позиции како да веруваат во нив.

Како да не знаеме дека под плаштот на одбраната на “просперитетна” Македонија се кријат стотици илјади причини и други валути за бранење на неодбранливото.

Како да заборавија дека оваа форма на “одбрана” на среден рок е неидржлива.

Продолжете со читање на expres.mk


Вести

946 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-426, Куманово-36, Дебар-2, Штип-22, Прилеп-56, Тетово-46, Струга-24, Велес-30, Битола-61, Охрид-31, Кавадарци-24, Гостивар-46, Гевгелија-12, […]

Вести

Земјотрес во Македонија, епицентарот во близина на Скопје

Земјотрес со јачина од 3,4 степени ја погоди Македонија. Потресот бил почувствуван и во Косово и Србија. Според првичните податоци на веб-страницата www.emsc-csem.org која објавува податоци за земјотреси во целиот свет, потресот се случил во […]

Вести

Средновековниот и раноосманлискиот период во македонските учебници тема на 11. средба на македонско-бугарската Комисија

– Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи утре и задутре. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*