Не со тие куршуми професоре Бучковски – пишува Горан Момироски


Во нашава матна Македонија деновиве речиси се е дозволено и прифатливо. Се кршат закони, се забораваат основни политички принципи, се занемарува воља на 2/3 граѓани на референдум, се создава насилно 2/3 мнозинство за промена на устав, пратеници излегуваат од затвор во 15 часот за да гласаат во Собранието во 21 часот, политичарите менуваат ставови за 2 часа……..

Дури и либералот Ивон Величковски да побараше казни и забрана за хомосексуални врски немаше да биде ништо чудно.

Но тоа не е случај и со професорот по право (Римско кое што е основа на модерното право) Владо Бучковски кој ни порача дека владеењето на правото во случајот со амнестијата мора да оди курбан за други цели кои што деновиве се приоритет (промена на уставот).

Бучковски не е обичен човек, не е само професор по право, тој беше лидер на СДСМ и премиер на владата кога Македонија ја доби препораката за почеток на преговори во 2005 година. Како човек што ја водел владата тој најдобро знае колкава штета може да донесе уривањето на системот на владеење на правото (rule of law) кој што е суштина на принципите на функционирање на Европската Унија каде што сакаме да влеземе.

Сега е најмалку важно дали Бучковски урнисувањето на системот на владеење на правото го прави поради вработувањето на неговиот син во МЕПСО или поради ослободителната пресуда за случајот „Тенковски делови“. Неговата лична амнестија нема да биде ни прва ни последна, и многу поголеми криминалци се спасиле затоа што во вистински момент знаеле „да изиграат со власта“.

Сега проблем е како тие студенти кои што тој ги учи дека владеење на правото е суштина на демократијата во модерната цивилизација, да ги убеди дека неговата дихотомија како професор и како политичар не е целосно луда.

И се разбира најголемиот проблем, зошто еден почитуван професор и екс премиер се впушта во срамна кампања со цел да го поддржи премиерот Заев кого што во последниве денови дури и најблиските соработници не го поддржуваат, особено не јавно.

Бучковски мора да знае дека сега без разлика дали се работи за ветување дека ќе биде амбасадор на Македонија во САД, за вработувањето на син му или ослободувањето од служење затворска казна, тој или свесно прави голема грешка или пак е злоупотребен. Искористен за го пополни празниот простор од кој сите бегаат и да ја дефокусира дебатата за уставот и амнестијата во која владата се соочува со катастрофални критики, дури и од своите приврзаници.

И наместо екс премиерот да запре кај неопходната пропаганда која очигледно морал да ја направи тој влегува во нови анализи и предвидувања со што освен дигнитетот како професор ја губи релевантноста и како политички аналитичар.

Без разлика дали некој му кажува што да каже или пак самиот ги смислува своите тези тој морал да знае дека кога ќе каже нешто, неговите зборови како екс премиер се гледаат низ сито и решето. И дека никој нема да му прости за предавството на принципите, пред се на тие на Римското право а потоа и на сите останати.

Продолжи со читање на expres.mk

Вести

Законот на ЈО во август, ако се постигне консензус

Владата вчера на седница го усвои Предлог-законот за Јавното обвинителство и донесе одлука да биде испратен на усвојување во Собранието со европско знаме и во скратена постапка. На предлог на Министерството за правда Владата прифати […]

Вести

Хан и Рикер доаѓаат во Скопје на средби со државниот врв и со опозицијата

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утре доаѓа во Скопје на средби со државниот врв и со лидери на политички партии. Хан ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев и со лидерот […]

Вести

Јанева негира вмешаност во „Рекет“, тврди дека некој со сите сили сака да го урне СЈО

Специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева вчера на прес-конференција негираше дека е вмешана во случајот „Рекет“. Обвини дека против неа и нејзиното семејство се води хајка уште од самото стапување на функцијата, со цел нејзина […]