Меморандумот на Бугарија како патоказ за самодеструкција на македонската нација – Проф. д-р Митко Б. Панов


Меморандумот на Бугарија за односите со Република Македонија во контекст на проширувањето на ЕУ, доставен до земјите членки на ЕУ во форма на појаснување на бугарската позиција (Bgnes, 16.09.2020), беше сосема очекуван и темпиран по завршувањето на изборниот процес во Република Македонија (Митко Б. Панов, “За државничкиот однос кон нацијата: По обраќањето на Ципрас до Македонците,” Expres, 11.07.2020).

Документот ги содржи добро познатите негаторски позиции на Бугарија, со претензии истите да станат нераздвоен дел од преговарачкиот процес на Република Македонија и услов за членството во ЕУ.

Во Меморандумот се констатира дека идна земја членка на ЕУ не смее да има отворени прашања, чиешто натамошно опстојување и незатварање, може „негативно да влијаат на донесувањето одлуки во рамките на ЕУ“. Отворените прашања со Република Македонија, за Бугарија се идентитетски и произлегуваат од „начинот на кој таа земја се справува со сопственото минато“.

Апсурдноста оди дотаму што македонската нација е јавно обвинета за погрешното поимање на сопственото историско минато и наследство, кое Бугарија го карактеризира како идеолошки продукт на комунистичка Југославија. Оттаму, Бугарија ја условува Република Македонија дека доколку сака да стане членка на ЕУ мора да раскине со националната историја и да прифати дека Македонците биле и се етнички Бугари.

Македонците се условени да прифатат дека нивната самоидентификација не произлегува од македонската идентитетска посебност и различност од бугарскиот народ, бидејќи самото именување Македонци и македонски јазик било идеолошки продукт на „етнички и јазичен инженеринг, во време на поранешните авторитарни режими“.

Во тој контекст, Бугарија со Меморадумот ги поставува насоките и „track record” на патот на присоединувањето на Република Македонија кон ЕУ, што треба да му помогне на политичкото раководство да стави крај на комунистичката идеолошка заблуда дека Македонците се посебен народ од бугарскиот и дека терминот македонски всушност нема никакво етничко и идентитетско значење, бидејќи е конструкт на Титова Југославија.

Меморандумот всушност претендира историски да ги „докаже“ ваквите тврдења базирани на едностраното и конструирано интерпретирање на минатото од страна на Бугарија. Притоа, веднаш станува јасна и нескриената цел на бугарското политичко догматизирање на историјата на Македонија, со констатацијата дека терминот Македонци никогаш не бил ознака за „национален идентитет“, туку исклучиво бил користен за означување на географското потекло.

Од тоа, треба да произлезе дека ниту некогаш имало, ниту има Македонци и македонска нација, чиешто постоење историски се делегитимира како вештачка креација на Тито. На овој начин, Бугарија очекува во рамките на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ, да ја потврди позицијата за непостоењето на македонската нација, со што ќе го реши и прашањето за македонското етничко малцинство на своја територија.

Во таа смисла во документот се тврди дека во Бугарија „стотици илјади Бугари се самоопределуваат како ‘Македонци’ во однос на регионалната припадност, пришто јасно го посочуваат бугарското етничко потекло“. Како „доказ“ се приложуваат конструкции за „јасно бугарско самоопределување“ на словенското население на територијата на Македонија вклучено во Кралството СХС и Кралска Југославија, кое било означувано како „јужносрбијанци“.

Притоа, се повторуваат добро познатите бугарски тези дека Тито го креирал новиот македонски идентитет на Бугарите во С.Р. Македонија. Во Меморандумот се тврди дека Титовиот проект за конструирање на македонската нација бил реализиран преку „измислувањето нова историја“, која со наметнатниот термин македонски имала за цел да го „замени традиционалниот бугарски идентитет со регионален“ и тоа за сметка на историјата и географијата на соседните држави. За потребите на ваквиот проект, според Бугарија, бил создаден македонски јазик и тоа преку „прекодификацијата“ заснована на бугарскиот книжевен јазик.
Одејќи понатаму во политичките квалификации, во Меморандумот се тврди дека во функција на „измислувањето“ нова историја за потребите на креирањето на „неопходните атрибути за новиот национален идентитет“, бил ставен во служба Институтот за национална историја формиран во 1948 г. Несвојствено за земја членка на ЕУ, политички се дисквалификува историската наука на Република Македонија.

Работата на најстариот научен Институт и огромната историографска продукција е оквалификувана како „фалсификување на документите и раскинување на сите врски со бугарските корени, јазик и потекло“ на населението, што продолжува и по независноста на Република Македонија. Со други зборови, се што е напишано во периодот од повеќе од седум децении за историјата на Македонија и на Македонците, политички се дисквалификува како фалсификат кој имал антибугарски карактер, а кој требало да измисли историски наратив на непостоечки Македонци и на измислена македонска нација.

Притоа, како критериум за ваквата оценка не се поставува слободата на научната критичка мисла како европска вредност, туку компатибилноста или истоветноста со бугарските историографски ставови, кои се претставуваат како единствена правилна догматска научна вистина за историјата на Македонија. Нешто што преку Преспанскиот договор го постигна и Грција.
Притоа, крајно неосновано се обвинува С.Р. Македонија за наводни масовни репресии на бугарскиот народ и егзекуција на над 20.000 луѓе во периодот меѓу 1944 и 1946 г., и тоа само поради нивната бугарска идентитетска определба. Подолу во текстот се споменуваат и „десетици илјадници убиени и над 100.000 затварани Бугари по 1944 г.“.

Селективноста на бугарскиот приод во политичкото конструирање на историското минато на Македонија…

Продолжете со читање на expres.mk


141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Вести

Од следната недела најавени нови термини за тестирање, вчера регистрирани 518 заболени од Ковид-19

– Петстотини и осумнаесет нови случаи на заболени од Ковид-19 беа регистрирани вчера во земјава. Раст на новозаболените изминатиот период е забележан во целиот регион, но и во Европа. За првпат на континентот завчера беа евидентирани […]

1 Trackback / Pingback

  1. Меморандумот на Бугарија како патоказ за самодеструкција на македонската нација – Проф. д-р Митко Б. Панов – ИНСАЈДЕР.мк

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*