Љупчо Златев: Колку боли вистината на Николоски?


Ниту владата, ниту министерството за здравство се ефикасни во справувањето со коронавирусот, тоа веќе го гледаат и аматери. Вонредната состојба, наместо да донесе поголема ефикасност на институциите за справување со ситуацијата беше искористена за по кратка постапка да се назначуваат судии од страна на СДСМ.

Замислете, на сред криза со вирусот од кој може да заболат и недај боже изумрат илјадници наши граѓани, некој одлучи  со укази да си поставува подобни судии а до сега да не издаде ниту еден указ поврзан со кризата. Колку треба некој да е неодговорен да го прави ова?

Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, со право прокоментира дека овие укази власта ќе ги злоупотребува за да се носат закони кои се во бизнис-интерес на фамилијата Заеви. Веројатно се мисли на законот за одгледување на марихуана кој директно влијае на џебот на Заеви а не беше донесен од собранието поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ.

Веднаш штом човеков предупреди, очигледно некој тоа многу го заболе па Катерина Блажевска и Ивор Мицковски оркестрирано (веројатно нарачано од истиот телефон), почнаа да реагираат дека некој како хиена ја користел ситуацијата.

пишува: Љупчо ЗЛАТЕВ

Целата колумна прочитајте ја на Лидер


ОС Велес му одреди 30 дена притвор на Владмир Панчевски - МИА
Вести

Три и пол години затвор за Владимир Панчевски

Велес, 4 август 2020 И) – Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, вечерва од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години […]

Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници - МИА
Вести

Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присустуваа на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присуствуваа денеска на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав, која се одржа во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење […]