Името го даваме, ѓубрето си го чуваме (ФОТО) – Пишува Горан Момироски


Додека јавноста се занимава дали Франција ќе нè блокира во ЕУ и дали идентитетот ќе ни биде северномакедонски или бугарски, градоначалниците на Центар и на Скопје, Саша Богдановиќ и Петре Шилегов, и службите што ги раководат „мува не ги лази“.

Најверојатно, не можат да одлучат чија е надлежноста за ѓубрето што е расфрлано до скршен контејнер кој со денови лежи ничкосан на аголот меѓу две улици пред Градски трговски центар.

За прославата организирана при отворањето на автобуска станица во подрумот на ГТЦ организираа журка со ди-џеј, потрошија илјадници евра, а сега не можат да исчистат еден обичен контејнер.

И додека го чекаме Уставниот суд да одлучи кој е надлежен за распосланото ѓубре во центарот на Македонија, идна членка на ЕУ смрди ли смрди.

Сè си мислам дека францускиот амбасадор во Скопје, Тимоние, деновиве поминал покрај овој симбол на македонскиот идентитет и на своите шефови во Париз им кажал дали Македонија е подготвена за преговори со ЕУ.

извор: expres.mk

Балкан

Будимпешта: Балканските држави заслужуваат шанса за членство во ЕУ

Европската унија им должи на балканските земји да им даде шанса да се приклучат кон Унијата, изјави во Стразбур европратеникот од редовите на унгарската партија Фидес, Балаж Хидвеги, додавајќи дека проширувањето на Балканот е клучна […]

Вести

Институт „Крсте Мисирков“: Прашањето за македонскиот јазик е апсолвирано, негирањето е свесна провокација

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје соопшти дека остро реагира и сериозно се спротивставува на ставот на Бугарската академија на науките во врска со постоењето на македонскиот јазик и на македонското писмо. Во реакцијата Институтот […]

Вести

Максим Ацевски избран за главен државен ревизор

Собранието на денешната седница го избра Максим Ацевски за главен државен ревизор, на предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Одкуката за изборот на Ацевски беше донесена едногласно со 81 глас „за“. […]