Апсурдите на политичкото читање на историјата: Дали Бугарија идната година на 24 мај ќе ги прославува св. Кирил и Методиј? – проф. Митко Б. Панов


На 1 октомври 2020 г., бугарскиот парламент со големо мнозинство го усвои во првото читање предлог-законскиот проект за „промена на кодексот на трудот“, со кој во официјалната формулација на чествувањето на 24 мај, зборот „словенски“ се заменува со „бугарски“.

Доколку овој закон биде изгласан, Бугарија во иднина нема да го слави 24 мај како „Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост,“ туку како „Ден на булгарската писменост, просвета и култура“. Доколку се земе предвид историскaта оправданост за ваквата промена содржана во официјалниот предлог поднесен од пратениците на ВМРО во парламентарнта група “Обединети патриоти“, тогаш произлегува дека во случај на негово финално изгласување, Бугарија од идната година на 24 мај повеќе нема да ги прославува св. Кирил и Методиј!

Во официјалниот документ со кој се оправдуваат промените во законот, се наведува дека истите се мотивирани од „коректно и историско издржано дефинирање на празникот“ кој се чествува на 24 мај. Притоа, се констатира дека „празникот отсекогаш бил пројава на бугарската национална еманципација“ и дека како таков бил чествуван повеќе од 200 години. Во образложението се нотира како неспорен историскиот факт дека Св. Кирил ја открил словенската азбука – глаголицата, додека на св. Климент Охридски му се припишува создавањето на кирилицата.

Понатаму се образложува дека кирилицата ја „заменува потешко восприеманата глаголица“ и се „востановува и наметнува токму во Бугарија во време на цар Симеон“. Во документот всушност се прави концептуална разлика помеѓу глаголицата со „докажан сесловенски карактер“ и кирилицата која е претставена како „чисто бугарска творба, која со посредство на бугарското културно влијание меѓу православните христијански народи се наметнува како графички систем и кај нив“.

Со утврдувањето на бугарскиот национален идентитет во време на преродбата и создавањето на бугарскиот книжевен јазик, „се канализира бугарската азбука“, која е изворна и оригинална и оттатму се разликува од другите кирилски писма. Од тоа се извлекува и заклучокот дека неможе да стане збор за некаква „сесловенска писменост,“ бидејќи кирилицата е „докажано бугарска“.

Од конфузната историска нарација содржана во документот, произлегува дека неможе да постои сесловенска писменост, бидејќи кирилицата е бугарска, што би значело дека другите народи кои пишуваат на кирилица не би биле словени.

За бугарските политичари, терминот „словенска писменост“ всушност го игнорира историскиот придонес на Бугарија за писменоста и културата на словенскиот свет и поради тоа неопходно е да биде заменет со „бугарска писменост“. На тој начин, се доаѓа и до „коректната“ историска оправданост за промената на формулацијата при празнувањето на 24 мај.

Образложувајќи го предлог-законот во бугарскиот парламент, доц. Милен Михов од партијата ВМРО во парламентарната група „Обединети демократи“, се повика на „бугарската писменост како основа на државноста на бугарскиот дух“, кој може да биде „посилно оружје и од ракетите и нуклеарното вооружување“.

Констатирајќи дека словенската азбука била создадена од браќата Кирил и Методиј, која била користена од Византија за сопственото културно и политичко влијание во Западен Балкан, Мицов прави концептуална разлика со „бугарскиот наратив“ кој според него започнува со пристигнувањето на учениците на Кирил и Методиј во Бугарија во 80-те години од 9 век.

Оттаму, создавањето на кирилицата во Бугарија која ја заменува словенската глаголица, тој ја претставува како резултат на „фундаменталното реформско движење“ на бугарските владетели.

Неговиот сопартиец, Красимир Богданов, образложи дека „кирилицата е чиста бугарска творба, создадена од Климент Охридски, во бугарската држава, во време на бугарските средновековни цареви“. Според него, преку празнувањето на 24 мај, Бугарите всушност ја реализирале сопствената еманципација од другите словенски народи. Богданов заклучува дека токму поради тоа, Бугарите не треба да патат од комплекси, бидејќи „словенофилството е политичка доктрина на друга држава, која со тоа претендирала да ги реализира своите империјални цели и тенденции уште од времето на Петар Велики“ (Vmro.бг, 1.10.2020).

Самата содржина на документот и расправата за истиот во бугарскиот парламент, го покажува апсурдот на политичкото читање и интепретирање на историјата, што станува главна одлика на бугарската политика во последните години. Михов не ги криеше политички мотиви, образложувајќи дека бугарската држава и Бугарската академија на науки (БАН) одамна признале дека не постои македонски јазик, меѓутоа со терминот „словенска писменост”, Бугарите самите се одрекувале од тоа (Dariknews.bg, 1.10.2020).

Мотивирани од напорите за историско делегитимирање на посебноста на македонската нација, македонскиот идентитет и македонскиот јазик, бугарските политичари на секој начин настојуваат да ги „бугаризираат“ личностите поврзани со Македонија, што ги вклучува и словенските просветители Кирил и Методиј, св. Климент и св. Наум.

Доволно е да се погледнат стенограмите од средбите меѓу Крсте Црвенковски и Тодор Живков од минатиот век, за да се согледа бугарската политичката доктрина во однос на средновековната историја на Македонија, која воопшто не е променета, независно од дистанцирањето од некогашната комунистичка идеологија.

Продолжете со читање на expres.mk


Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Вести

Од следната недела најавени нови термини за тестирање, вчера регистрирани 518 заболени од Ковид-19

– Петстотини и осумнаесет нови случаи на заболени од Ковид-19 беа регистрирани вчера во земјава. Раст на новозаболените изминатиот период е забележан во целиот регион, но и во Европа. За првпат на континентот завчера беа евидентирани […]

Раст на депозитите и кредитите во првиот квартал годинава - МИА
Бизнис и економија

Ребалансот на Буџетот пред финално усвојување, со него почнува четвртиот пакет мерки

– Во Собранието заврши амандманската расправа за ребалансот на Буџетот и од понеделник се очекува тој да се најде на дневен ред на собраниска седница. Со вториот по ред ребаланс на Буџетот за годинава практично треба […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*