Аман Кина, не нè брани – Пишува Роберт Димитриевски


Што е ова кинеско влијание во (само што не) членката на НАТО и идната (кој знае кога) членка на Европска унија? Среде шашардисаноста на светот со фамозниот коронавирус, земјата од каде што тргна епидемијата, сега веќе пандемија, се понудила на Македонија да ѝ подари 200 респираторни машини?! Значи, Македонија не побарала, ами Кина самата се понудила. Ајдееее. Да не се уплашија пак да не го признаеме Тајван?

Е па вака, другари Кинези: no pasaran! Нема да ви помине, бе! Најдовте село без кучиња, па ќе „бургијате“, а? Е, мало морген! Не ви е ова времето на „режимот“, па да ѝ нудите на Македонија кредити за автопатишта, или мали автобуси гратис за двокатните, или нови железнички композиции за патници.

Нека, нека. Си имаме ние сојузници. Кај и да е, откако од ЕУ ќе им испорачаат машини за механичка вентилација на Србите, сигурно ќе добиеме и ние. Освен ако од САД не стигнат побрзо. Не вели нашиот народ попусто „кротко јагне од две мајки цица“.

Ја, мајката: сами сте го создале вирусот (во лабораторија во Вухан, ами како), сте го рашириле насекаде (според истата теорија на заговор), па сега ќе им нудите помош на засегнатите. Прво ѝ пративте авион со медицинска опрема и со стручњаци на Италија (а само што не го добија тоа од Брисел по силните молби за европска солидарност), па одговоривте позитивно и на барањето на Вучиќ, за сега да го користите и тоа што во тесно се нашла и Македонија?

Не оди тоа така, друже Џинпинг.

Продолжете со читање на expres.mk


Без посета на гробиштата за Задушница и Духовден - МИА
Вести

Без посета на гробиштата за Задушница и Духовден

Скопје, 5 јуни 2020 () – Православните верници овој викенд за празникот Задушница и Духовден нема да може да ги посетат гробиштата. Забраната е согласно одлуката за забрана за движење на Владата, а според која […]

Забраната за движење не ја почитувале 33 лица, приведени 20, 112 лица не носеле заштитни маски - МИА
Вести

Скопје, Куманово, Штип, Тетово и 12 околни општини во 80-часовен карантин, останатите со дневни рестрикции

Скопје, 5 јуни 2020 () – Од синоќа во 21 часот тече 80-часовниот полициски час за граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, […]

Пехчевец го загуби животот при работа во шума - МИА
Вести

Едно лице нападнато со метален предмет на автобуска постојка во с.Петровец

На 03.06.2020 во 16.22 часот во СВР Скопје, Т.Д.(49) од с.Петровец, скопско, пријавил дека околу 08.00 часот на автобуска постојка во с.Петровец бил нападнат со метален предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување […]