ХЕРОИНАТА БАБА ПАРА ГРДАНОВСКА ОД ИЛИНДЕНСКО КРУШЕВО


Ретки се, во светската историја на револуциите, да се истакнат и жени-старици. И нашата Илинденска револуцијa не останала “сиромашна” од еден таков лик. Тоа е баба Пара Грдановска. За жал, речиси,и никаде , со ништо не се споменува, а нејзиното дело, пред и за време на Илинденското востание е големо и заслужува да се спомене. Имено, пред востанието, во Крушево имало куќи во кои сопствениците – фамилиите на разни начини ја помагале подготoвката за претстојното востание. Во тие куќи, тајноста на подготовките како да била повеќе јавна, зашто фамилиите тесно соработувале со Револуционерниот комитет. Таму вриела силна раздвиженост, умешно прикривана од окото на власта или од несигурни луѓе. Секоја волја, секоја вредност и смелост била мобилизирана за делото на напатениот народ.



Така е и во куќата на Грдановци. Од сите домашни, баба Пара Грдановска е најинтересна, смела и со ретки способности на тактичен човек-жена старица. Одамна во нејзината куќа доаѓале нелегални луѓе.Таа знае што се подготвува, но знае и да молчи! .Нејзината старечка рака не затреперува кога ќе и се наложило да пренесе, во пазуви, архивски материјали на Организацијата, па и оружје. Иако живеела во немаштија , од нејзината уста никогаш не се слушнало поплака. Никогаш не и тежеле непрестаните посети на непознати, но верни на Организацјата . Напртив, баба Пара секогаш давала ласкав и топол прием на револуционерите. Народното дело е влезено длабоко во суштината на нејзиниот живот. Тоа го обмислило, го облагородувало нејзиното живеење во тие доцни старечки денови, така се чувствувала млада, пргава, и над се – херојски.

Иако подгрбавена од бремето на одминатите години , баба Пара Грдановска, чекорела се уште гордо, а одухотвореното и лице , необично и сјаело. Голем број четници токму во нејзината куќа полагале заклетва – односно се ,,покрстувале,, на верност на Организацијата. Таа, многубројните четници, не ги познавала, ниту ги запаметувала, не се интересирала за тоа и не прашувала, кој е, каков е. Штом тој е испатен од “Горското началство”, тоа е доволно. Во лицето на баба Пара, Крушево имало и има , една ведра старица, верна и хероиња.

Такви како неа, станале мајки на востаниците кои ги гледале –негувале кога биле болни, ги перат, им готват. Во тој виор на револуционерна раздвиженост, баба Паа г дочекува и испраќа, подеднакво со неизмерна љубов, каква што може да има едно срце вдахновено, подмладено и пламнало од патриотска жар. Верен борец во времето на на црковните борби со Фанариотите, баба Пара Грдановска и е верна на Илинденската револуција, во која и таа како да беследно ,,изгорува,, во опустошувањето на Крушево по неговото десет дневно живеење во слобода.

За жал, за оваа извонредна старица-херој, нема фотографии како за неа, така и за нејзината куќа- “јатак”. Останало само запишано во книгата на Георги Томалевски “Крушовска република”.

Автор на текстот е Ристо Ќортошев. Текстот е превземен од страницата www.muabet.mk. Објавувањето е дозволено.

 


Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Бизнис и економија

КСС: Недела неработен ден без правење хаос во Законот за работни односи

– Конфедерацијата на слободни синдикати предупредува дека со Предлог-измените во Законот за работни односи со кои недела треба да се прогласи за неработен ден ќе се направи хаос бидејќи со подзаконски акти ќе се утврдува […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис и економија

ССМ: Измените во ЗРО не одат во прилог недела да биде неработен ден

– Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека предложените измени во Законот за работни односи од страна на Министерството за труд и социјална политика не одат во прилог на тоа недела да биде прогласена […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*