Жена во визба од зграда во Париз што ја наследила пронашла половин милион евра


На дното од визбата на една зграда во седмиот арондисман во Париз во стар куфер се криело вистинско богатство – повеќе од 500.000 евра, во различни,  а во понеделникот ги открила жената која сакала да го продаде станот, јави дописникот на МИА.

Куферот, според пишувањето на „Паризиен“, можно е да бил поврзан со случај на перење пари. Отворена е истрага за пронаоѓање на неговиот сопственик.

-Не сме завршиле со броењето. Но, има меѓу 500.000 и 600.000 евра, особено во апоени од  500, 100 и 50 евра, го пренесува својот извор парискиот весник.

Ова лето, една педесетгодишна жена, наследничка на станот на нејзината мајка, ја почнала продажбата на имотот лоциран во луксузниот 7-ми арондисман, недалеку од Шам-де-Марс (Ајфеловата кула).

Таа задолжила агенција за недвижнини да го процени станот, но кога сакала да го измерат делот од визбата поврзан со имотот, проценителот наишол на врата со катанец. Во август била поставена белешка во влезот на зградата, за да се побара од евентуалниот „невнимателен сосед“ да ја ослободи визбата. На повикот немало никаква реакција, па новиот сопственик одлучил во понеделник да повика бравар. Во тој процес, проценителот го пронашол неверојатното богатство, што веднаш го пријави во полиција.

Истрага отвори париското Обвинителство и ја води Бригадата за финансиски истраги на париската судска полиција, специјализирана за случаи за перење пари и фалсификувани пари.


Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Вести

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе отколку во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на […]

Вести

Младите сакаат да се иселат, не се спроведува националната стратегија за спречување на одливот на мозоци 

– Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*