Започнува кампањата #НемаОправдување – заедно против насилство врз жени и девојчиња


25.11.2019 г. На Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените, со официјален настан во паркот „Жена борец“, денес од 19ч., ќе се означи почеток на годинешната кампања со слоган „#НемаОправдување – заедно против насилство врз жени и девојчиња“. Со настанот започнуваат и останатите активности што ќе се реализираат во текот на глобалната кампања 16 дена активизам против родово-базирано насилство, што ќе трае до Меѓународниот ден на човекови права, 10 декември 2019 г.

Во светски рамки, една од три жени е жртва на насилство. Насилството врз жените и девојчињата постои во најразлични форми, во кои влегуваат различните психички и физички акти на насилство што се случуваат секој ден. Цел на кампањата е да поттикне дискусија, споделување и активно вклучување во борбата против насилството врз жените и девојчињата. Замислена е да ја рефлектира темата „Обојте го светот во портокалово: Генерацијата Еднаквост зазема став против силувањето“, а како носечки симбол на овој настан е целосното „портокалово“ осветлување на паркот „Жена борец“. Портокаловата боја е избрана како симбол за посветла иднина без насилство врз жените и таа боја е основа за целата кампања која ќе трае 16 дена.

На настанот ќе присуствуваат бројни високи владини претставници, како и претставници на Мисиите на ОН, Европската Унија и ОБСЕ во Северна Македонија, кои ќе се обратат на присутните истакнувајќи ја важноста од проактивно вклучување на сите институции и воопшто генералната јавност во борбата против различните форми на насилство врз жени и девојчиња.

Планираните активности за 16те дена активизам вклучуваат кампања на социјалните медиуми, со објавување различни содржини и едукативни пораки против насилство од различни луѓе, од различни сфери на животот како нивен знак на поддршка и организирање низа активности, како и дебати и работилници низ целата држава.

Следете го хаштагот #НемаОправдување и приклучете се кон единствената цел – општество без насилство врз жени и девојчиња.


Николоски: На лидерската покрај здравствената криза да се разговара и за условувањата од Бугарија - МИА
Вести

Николоски: Голем пораз те чека Заев и во четворката и во цела Македонија! А потоа одговорност.

Го гледам Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам тие друго спинуваат. Очај! Им се смеат луѓето. Белото не може да е црно. Ама и […]

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка - МИА
Вести

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

Скопје, 9 јули 2020 () – Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст. Во […]

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]