Wine and Music Sessions – започнува ново музичко и винско доживување во Скопје 

vino_muzika_004
Facebook
Twitter
LinkedIn

Аудиокултура заедно со Винарија Камник започнуваат серија посебно конципирани настани на кои се спојуваат доживувањата на музика и виното, под мотото „Музиката спојува, виното инспирира“.




 

Оваа петочка ноќ, првата од Wine and Music Sessions помина со настапот на Јован Милошевски на акустична гитара, македонски виртуоз кој живее и работи во Шпанија како професор со сопствено училиште во Палма де Мајорка. Настапот на Милошевски беше збогатен со Blind Tasting дегустација на избрани вина од Винарија Камник.

 

Спојот на добрата музика со избраните етикети од Камник, беше дополнет со едукативен елемент во автентичниот амбиент на Аудиокултура за пронаоѓање на префинетиот звук и вкус.

 

Со создавањето на Wine and Music Sessions се започнува еден различен социјално-културен тренд каде целта е да се понуди нова содржина во урбаниот живот и да се долови суштинската врска меѓу музичката и винската култура. Овие вечери што го збогатуваат живеењето во градот, ќе продолжат во следните месеци со настапи и на други истакнати музичари и уметници.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Можеби ќе ве интересира: