Уникатната изложба „8 Мега – Ана“ во Делчево


Во Делчево отворена уникатна изложба под работен наслов „8 Мега – Ана“. Изложбата е плод на повеќегодишна работа на стручните тимови од Природонаучниот музеј од Скопје и Музејот од Софија, а истата како што изјави Билјана Гаревска, виш кустос од Природонаучниот музеј од Скопје содржи фосили ископани во Долни Дисан, Неготинско, но и дел од фосилите од палеонтолошката гробница кај Стамер.

– Изложбата се состои од фосилен материјал од пет различни видови фосилни слонови кои за прв пат се среќаваат на еден ист локалитет, потоа носорози, џиновски мрзливци, антилопи, газели, мајмуни и др. кои се членови на така наречената пикерминска фауна. Поради прогласување на палеонтолошкиот локалитет Стамер за природна реткост одлучивме изложбата да ја збогатиме со фосилен материјал од овој реон. Сметам дека е доста добро што го прогласија овој локалитет кој се наоѓа на делечвско подрачје, бидејќи станува збор за една гробница со фосилен материјал и драго ми е дека општината ќе го има на управување, изјави Гаревска.

Со цел поголема промоција на регионот и збогатување на туристичката понуда, Гаревска предлага палеонтолошкиот локалитет Стамер да се промовира со поставување информативни табли со фотографии и опис на се што е пронајдено, се со цел населението да се запознае со целокупното богатство кое лежи под слоевите на почвата во Стамер.

Во својот говор на отворањето на изложбата градоначалникот Горан Трајковски, истакна дека овој настан практично е најава за почетокот на работа на Локалниот музеј „Пијанец“.

-Втората задача на која работевме изминатиов период е повторно да го отвориме Локалниот музеј „Пијанец“ кој како посебна локална установа и во соработка со нашите пријатели од Природонаучниот музеј од Скопје, ќе има обврска и надлежност да иницира истражувања на теренот, но и да сочува како музејски експонати дел до фосилите кои ќе се откопаат на овој терен, рече Трајковски.

Изложбата „8 Мега – Ана“ во Делчево ќе биде отворена до средината на јануари наредната година.


Вести

Лицата со навршени 65 години, кои немаат 15 години стаж, ќе можат да го откупат стажот за да одат во пензија

– Лицата кои навршиле 65 години, а немаат 15 години стаж поради тоа што не им биле платени дел од придонесите, ќе може да ги откупат години стаж што им фалат за да може да […]

Вести

Опозицијата бара во дебатата за законот за ЈО да се вклучат експерти и меѓународната едница

– ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на пладневниот состанок во Собранието за законот за јавно обвинителство. Од партијата велат дека ќе инсистираат на јавна расправа во која ќе биде вклучена експертската јавност и претставници на меѓународната заедница. […]

Вести

„Социетас Цивилис“: Повеќе сме чамец што го носи струја отколку што имаме весла и кормило во борбата против корупцијата

– Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) донела голем број одлуки, меѓутоа истовремено и очекувано голем дел од нив се запрени односно не се најдени елементи на корупција, е заклучокот во првиот извештај за наодите […]