Студија: Беспарицата предизвикува мигрена и чир на желудник


Без разлика дали сте материјалист или не, недостатокот на пари сигурно ќе ве погоди – велат експертите од Универзитетот во Бостон.

Врз основа на студијата, која ја спровеле, тие заклучиле дека финансиските проблеми се предизвикувач на стрес, што е причина за здравствени проблеми. Тие, често, можат да бидат и многу сериозни.

Луѓето кои ги мачи беспарица имаат поголеми шанси да доживеат срцев и мозочен удар, покажа студијата.

Напнатост во мускулите на грбот чувствуваат 65 проценти од луѓето со финансиски потешкотии.

Речиси 30 проценти од испитаниците изјавиле дека поради финансиски проблеми „заработиле” чир на желудник, додека само 8 проценти од оние кои не се грижат за пари, имаат идентични здравствени проблеми.

Дури 44 отсто од луѓето, кои се под стрес  поради немање пари, страдаат од мигрена, а само 4 отсто од луѓето без такви грижи имаат сериозни главоболки.

Балкан

Бугарскиот претседател Радев стави вето за купување американски борбени авиони

Бугарскиот претседател Румен Радев стави вето на спорното купување американски борбени авиони Ф-16. Како причина Радев ја наведе високата цена, недоволната опрема и зголемувањето на буџетскиот дефицит што таа нарачка го повлекува со себе. – […]

Вести

Новиот премиер на Велика Британија – за приврзаниците популарен, за критичарите – неискрен

Борис Џонсон е контроверзна фигура во британската политика и новинарство. За приврзаниците тој е духовит, популарен и привлечен, додека за оние кои го критикуваат велат дека е елитист, неискрен, мрзлив и употребува расистички и хомофобичен […]

Балкан

Србија: Напукна асфалтот на новиот автопат Е-10 низ Грделичка клисура

Иако од отворањето на јужната траса на Коридорот 10 за Северна Македонија не поминаа ни три месеци, на делницата помеѓу Царичина долина и тунелот Манајле, напукна асфалтот. Кон крајот на мај со музика и огномет, […]